Во Софија беше одбележан христијанскиот празник Свети Дух, Празникот се смета за ден посветен на загинатите за слободата на Македонија. Настанот се одржа пред Споменикот на револуционерите од Македонија, Беломорска и Одринска Тракија во Софија.
„Денеска заедно со градската организација на ВМРО, Македонскиот научен институт, „Бугарското здружение на родовите од Македонија“ и Бугари од денешна РС Македонија ги положивме венци и свежо цвеќе, и се потсетивме на херојската историја, која стои зад денешниот ден.
Длабок поклон пред илјадниците мажи и жени кои ги дадоа своите животи за ослободување на Македонија и обединувањето на Татковината! Три војни, две национални катастрофи, шест востанија, реки крв и херојски жртви, за жал, не успеаја да го остварат националниот идеал на Бугарите… Наша задача е да го продолжиме нивното дело и да го доведеме до успешен крај.
Да живее споменот на раководителите на Организацијата – вечна слава и чест!“, стои во соопштението на младинската организација на ВМРО во Софија.