Српскиот Александар Вучиќ вечерва пристигна во Бања Лука и се сретна со лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, кој денеска беше осуден на една година затвор, а судот во Сараево му забрани и да се занимава со политика шест години, пренесе „ – Оваа пресуда не го покажува само односот кон Додик. Таа пресуда е насочена против Република Српска и против српскиот народ во целина. Дојдов вечерва не затоа што на кој било начин можам да влијаам врз одлуките на раководството на Република Српска. Дојдов да го поддржам нашиот народ во Република Српска и да му го кажам ова на Милорад Додик, без да загрозам никого. Бев внимателен со секој збор што го кажав во изминатите 13 години, секогаш внимавајќи да ја истакнам неопходноста од зачувување на Дејтонскиот договор, интегритетот на БиХ и сè друго. Отсекогаш ми се одмаздувале на најлош можен начин, од физички линч до најбруталните лаги и навреди кои сум морал да ги издржам сите овие години“, рече Вучиќ.
Тој оцени дека „денес сè е сменето, дури и емотивно“. „Кога можевме да бидеме заедно за да го прославиме нашиот празник Сретение, денеска морав да дојдам во Бања Лука, бидејќи денес е тежок ден за целиот српски народ. Знам колку му е тешко на Миле. Пред да признае, му видов солза во окото. Знам колку боли неправдата, но ова беше ден кој покажа многу повеќе. Ден во кој беа нападнати Република Српска и во кој се обидоа да ни судат без суд и без правда и против волјата на нашиот народ“, рече Вучиќ.