По завршување на градежните работи зад Собранието, ќе се реконструира потегот од улица Мекедонија до поранешно „Беко“. (Фото: К. Попов).Денеска ЈП „Улици и патишта“ почна со реконструкција на скопската улица Даме Груев зад Собранието. Нов асфалт ќе се става на потегот од улица Македонија до крстосницата со улица 11 Октомври. Овој потег денеска е затворен за сообраќај, бидејќи со градежна механизација се гребе стариот и оштетен асфалт.Иако утрово целата улица беше затворена за сообраќај од претпријатието велат дека десната страна на коловозот е затворена за сообраќај и обележана со соодветна сигнализација.„На левата страна од коловозната површина сообраќајот се одвива во нормален тек. Времениот сообраќаен ќе важи до завршување на градежните активности“ ,велат од „Улици и патишта“,Оваа е прва фаза на реконструкција на улицата. По завршување на градежните работи зад Собрание ќе се реконструира потегот од улица Македонија до поранешно „Беко“.Покрај поставување на нов асфалт се реновираат и пешачките патеки и се поставуваат нови рабници.