Почитувани граѓани, вие сте поддржувачи на духот на Ахмети. Ахметистички феномен, кој дваесет и две години по ред победува и во војна и во мир и во избори, дух кој цело време се бори за слобода и еднаквост и кој ни донесе мир и еднаквост. Донесе правична застапеност, знаме, јазик, универзитет, претседател на Собранието Албанец, пратеници, министри, директори, судии и експерти. Еди Рама ми рече, го слушнав Али Ахмети после петнаесет години и рече алал да му е! ДУИ низ годините си ја заврши работата, ништо не почна ниту со Артан Груби, ниту со било кој од нас, но ние ја продолживме работата што ја започнаа други. Поддржавме и обезбедивме средства за многу проекти за добробит на Албанците. Јас бев пратеник, а Бујар и Висар не зборуваа, посредував во разговорите и обезбедивме 2 милиони евра за јаслите во градинката во Чаир.
Од целата оваа работа што ја работиме, се појавуваат некои групи со влажен барут, а некои со топови играчки кои се злоупотребувачи, но ние сме Ахметистичка група, група на Али Ахмети, која ја продолжува неговата неколку децениската работа. Група која се бори против омраза, корупција, злоупотреби, против проруски, изолационистички, анти-НАТО, анти-ЕУ политики затоа придружете му се на Али Ахмети. Не им верувајте на оние кои ве плашат, туку на оние кои работат. Не се живее во страв, бидејќи ние остануваме во регресија додека другите одат напред. Се направи Охридскиот договор, станавме членка на НАТО, сега ни е потребно членство во ЕУ за да се запре миграцијата, да се подобрат условите за живот на нашите граѓани. Ние сме Ахметисти, па дојдете и придружете ни се!, нагласи Груби.