Спасувачки тим, лекари, кучиња спасувачи и специјално возило испраќа Грција во Турција за да помогне во справувањето со последиците од силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени, објавија грчките медиуми.
Помошта од Грција е по наредба на грчкиот премиер, а се очекува со воен авион, во следните часови од Атина да замине тим од 21 пожарникар од специјалната спасувачка единица со две кучиња спасувачи и специјално спасувачко возило, придружувани од инженер од Противпожарната служба, пет лекари и спасувачи од брзата помош, како и претседателот на Организација за планирање и заштита од земјотрес.
Бројот на загинати во страшните земјотреси во Турција, според најновите информации пренесени од турските медиуми изнесува 1541 лица, повредени се 9733 лица, додека 3471 објект се целосно срушени.
Според експертите се очекуваат нови земјотреси, еден од нив посилен од досегашните, според предвидувањата веројатно околу 8,5 степени според Рихтер, а се очекува во периодот од 17 до 19 часот во Карамандаш.
Во регионите во близина на море се очекува и цунами предизвикано токму од земјотресите.Властите во Турција соопштија дека најпотребни се ќебиња и медицински материјали, но и медицински лица.