Дадилката на момчето убиец К.К. (13) била на разговор во полиција, каде што детално раскажала се што знае за неговото воспитување и навики.
Според Информер, таа детално раскажала се што знае за момчето убиец, неговата сестра и родителите.Таа се грижела за момчето од кога имало само 11 месеци до пред неколку години и во тој период поминувала повеќе време со него отколку неговите родители.
Како што рекла, не може да разбере дека момчето успеало да ги убие другарите и училишниот чувар.
„Денови по злосторството во Врачар размислувала за момчето и времето кога го чувала и дека се уште не може да се опорави од шокот“, рекол изворот на порталот.
Дадилката во полиција изјавила дека додека го чувала тој бил добро дете, послушно и паметно.„Беше добро бебе, подоцна момче. Беше натпросечно интелигентен, љубопитен и успешен во се што го интересираше. Ништо во неговото однесување не навестуваше дека тој некогаш би направил такво злосторство“, рекла таа.