Треба нашата АР и УБК и особено военото разузнавање да истражат дали Драган Ковачки добил нарачка од Москва да ја масакрира министерката Петровска како одмазда за донацијата на 12 хеликоптери МИ24 на Украина?!
Како од толку министри во владата, они се закатанчија на Петровска па ја навредуваат со психички дијагнози лажни хациенди и останати харанги, што толку им згрешу жената?! Таму во тоа министерство нема големи тендери како во другите министерства, нема ниту можност за многу кадровски игри еднаш на неколку години има конкурс за едвај стотина нови војници а и онака не сите се тепаат за војници да бидат и да ги носат тешките војнички чизми, се знае каде е најдобро, седи по канцеларии и клати врата и земај плата, се знае каде се шалтерите во кои министерства…
Во животот а особено во политиката нема случајности и откако почна војната во Украина и како АРМ почна да донира тенкови авиони и хеликоптери на Украина одеднаш главна тема во земјава стана министерката за одбрана пред тоа не ни знаевме кој е на чело на тоа министерство, дали ВМРО ДПМНЕ добило нарачка од Москва преку Будимпешта малку да го задрма ова министерство со цел да ги заплаши многу многу да не донираат на Украина?!