21.8 C
Скопје
24/04/2024 17:55
МАКТЕЛ

  

     

 

Да ги дочекаме Бугарите учтиво и студено

      

Можеме ли на Бугарите што ќе дојдат на четврти февруари, да го одбележат роденденот на Гоце Делчев во Скопје, да им одржиме една лекција за културно однесување? Да ги пречекаме учтиво, достоинствено, воздржано и студено. Тоа би била најсилната засрамувачка „шлаканица“ што треба да им ја удриме на јавна сцена не затоа што дошле во Скопје да го слават Гоце Делчев, туку затоа што никогаш не доаѓале да му оддадат почит, а го сметаат само за свој. Сите знаеме зошто баш сега наеднаш им текна да дојдат како неканети гости. Не е за арно.

   

 

 

Освен некои бугарски политичари при официјални посети на Македонија и ретки бугарски туристи кои се поклониле пред великнатот Делчев, никогаш од Бугарија немало ниту една организирана посета. Затоа непоканетите гости кои најавуваат „инвазија“ на Скопје на четврти февруари не може поинаку да се прифатат освен како провокација на која треба да наседнат не само некои граѓани, туку и политички партии, македонски и бугарски, кои во таа игра и манипулација со чувствата на граѓаните гледаат добри предизборни поени. Нивните веќе најавени активности, иако се прикажуваат како самоорганизирани, можат лесно да излезат од контрола и да предизвикаат трагични последици.

   

     

Што подраматични настани на граничните премини, на патиштата и во Скопје, толку повеќе штета во односите меѓу двете земји кои по инцидентот во Охрид со физичкиот напад на секретарат на бугарскиот клуб Цар Борис Трети се крена на ниво на закана со војна. Не може да се игнорира, а ни целосно да се контролира опасноста ако во едни вакви напрегнати моменти се замешаат и разузнувачки служби на други земји кои имаат и тоа каков голем интерес за дестабилизација на Балканот. Ако вандалскиот напад на македонскиот Бугарин во Охрид, Христијан Пендиков предизвика студена војна, иако веднаш се уапсени напаѓачите, тогаш, некој божем заталкан истрел од огнено оружје на професионален разузнавач може да ја погоди најтрагичната мета и да предизвика многу потешки последици воодносите меѓу двете земјикои најмногу ќе ѝ наштетат на Македонија.

 

Патриотски екскурзии можат да го запалат бурето барут

Воопшто не е време на овој четврти февруари за вакви политички, партиски и балканско патриотски екскурзии и „свечени“ пречеци, кои колку и да е големо обезбедувањето можат да го запалат краткиот фитил на бурето барут. Исто така, сега не е времето да се потсетуваме на немили настани од пред повеќе години, но треба да се каже како лошо искуство дека не така одамна кога Македонците од Бугарија и од Македонија одеа на Пирин да му оддадат почит на Јане Сандански повеќепати беа претепувани не само од „самоорганизирани“ параполициски служби, туку и директно од бугарската полиција. После секој таков настан она малку што беше постигнувано со повеќе годишни напори на културен, научен и деловен план брзо беше уништувано на голема радост на оние кои никогаш не сакаат да има добри односи меѓу Бугарија и Македонија.

Имајќи ги предвид овие болни искуства и сѐ она што ѝ се случува на Македонија со бугарските блокади и вета, ако веќе не може да се одбегне со фанфари најавуваната посета на светилиштето каде е саркофагот на Гоце Делчев – црквата Св. Спас во центарот на Скопје, тогаш најдобрата работа што може да се направи е да се покаже граѓанска воздржаност, игнорирање на евентуалните провокации и целосно запазување на редот и мирот со почитување на сите правила при посетата на ова македонско светилиште.

Црквата Св. Спас, како и сите светилишта и мавзолеи во светот, има свое работно време, ред и строги правила на однесување на посетителите. Малото дворче каде што се наоѓа саркофагот наГоце Делчев не може да прими повеќе од 15-20 луѓе во исто време. На 4 февруари нема да дојдат само „гости“ од Бугарија, туку и од Македонија кои сакаат да му оддадат почит на Гоце Делчев. Во зависност од бројноста на официјалните делегации кои не чекаат на ред, туку влегуваат со посебен протокол, можно е да се создадат долги редици на граѓани и „блиски“ запаливи средби.

 

Ова ли е културен натпревар меѓу народите? Би било полезно на бугарските граѓани при влезот во Македонија тие денови да им се даде една брошура, или флаер за значењето на оваа црква, но и за работното време на црквата која е под заштита на државата, за правилата на однесување при посетата со напомена дека секое отстапување и нарушување на редот и мирот ќе бидат строго санкционирани. Така е секаде во светот.

Ја имав таа можност да посетам повеќе мавзолеи, светилишта, музеи, цркви и џамии каде се наоѓаат моштите на значајни историски личности. За сите нив заедничка карактеристика е тишината и атмосферата на пиетет кон личноста и неговото почивалиште. Така, во сабота, на 4-ти февруари, треба да биде и во дворчето на црквата Св. Спас, но и пред неа, во редиците граѓани од Македонија и од Бугарија кои ќе дојдат да му оддадат почит на Гоце Делчев, чија големина и значење ги надминува границите и на Македонија и на Бугарија. Секој скандал на овој ден, или немил настан би бил голем срам, дијаметрално спротивен на една општо позната мисла која му се припишува на Гоце Делчев: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.

За голема жал на цивилизираните луѓе и на голема радост на милитантните националисти и шовинисти, менливи и минорни политичари чии имиња се забораваат веднаш по мандатот, аманетот на Гоце Делчев во двете соседни држави, Македонија и Бугарија, кои го сметаат великанот за свој, натпреварот не се одвива на културно поле, туку на полето на омразата и блокадите. Сѐ уште, и по 151 година од неговото раѓање и 120 години од неговата смрт, денес, и во третата декада на 21 век, секој обид за добри и пријателски односи меѓу Бугарите и Македонците завршува со победа на силите што влечат назад.

Од една страна, посилната, сѐ уште тегне накај 1878 година и го сонува неостварениот сон од Сан Стефано, денешен Јешиљќој, безмалку среде Истанбул. Само таа промена на историјата и на географијата и 145-годишната реалност на непостоечки договор, без да се навлегува во други историски факти, јасно ја кажува големината на будалштината која може да се негува со векови во лулката на национализмот која прави пустош во главите на луѓето. Од другата страна, пак, послабата, со истата силина на националистички вознес квази патриотските сили успешно со децении ја одржуваат улогата на „ем шуто ем боде“, секогаш на штета на шутото.

    

Најново

Индија ги испорача првите крстосувачки ракети „БрахМос“ на Филипините

Sase Ivanovski

Ученикот кој претепа наставничка во Влае ќе биде префрлен во друго училиште

Sase Ivanovski

ИРАН ОСУДИ НА СМРТНА КАЗНА РАПЕР КОЈ ДАДЕ ПОДДРШКА НА АНТИ ВЛАДИНИТЕ ПРОТЕСТИ

Sase Ivanovski

Украина: Русија ќе нападне неочекувани места ова лето

Sase Ivanovski

Иран претстави ново оружје способно да ги открие американските Стелт авиони

Sase Ivanovski

ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“ : На луѓето им треба поттик да облечат чевли и да излезат да гласаат

Sase Ivanovski

Билд: Доцни испораката на 400 германски оклопни возила за Украина

Sase Ivanovski

DynamicsMinds 2024, една од најголемите европски конференции за Мајкрософт Dynamics 365 и Power Платформа решенија, се одржува во Словенија

Sase Ivanovski

МНР на Кина: Наводите за кинеската шпионажа во Германија се хајка

Sase Ivanovski

Пронајдено напуштено новороденче во дворот на основно училиште во Германија

Sase Ivanovski

Конфликт на симболи

Sase Ivanovski

СО ПЛАН НА ПЕТ ЕКСПЕРТИ ЉУБЉАНА ЗА 10 ГОДИНИ ГО РЕШИ СООБРАЌАЈНИОТ ХАОС, А ИМА ТРИПАТИ ПОВЕЌЕ ЖИТЕЛИ ОД БИТОЛА КАДЕ НЕМА ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА ЗА РЕШЕНИЈА

Sase Ivanovski

Мегапаркови во ниви и во маалски ќошиња

Sase Ivanovski

СОПИШТЕ ЛИ Е, МОЖНО ЛИ Е? Уникатна туристичка атракција која ќе ви го одземе здивот

Sase Ivanovski

НЕ Е ПИЈАНА, ЈА БОЛИ НОГАТА Дејвид Бекам на грб ја изнесе Викторија од роденденската забава

Sase Ivanovski

Петмина мртви од кои две деца се пронајдени во куќа во САД

Sase Ivanovski

ШАМПИОНИ ВО ИТАЛИЈА, МАГИОНИЧАРИ НА ТЕРЕНОТ Интер со победа над Милан ќе го освои скудетото

Sase Ivanovski

Помошник на пратеник на АфД во ЕП уапсен под сомнение дека шпионирал во корист на Кина

Sase Ivanovski

ВЕНЕЦИЈА Е ПРВ ГРАД КОЈ ЌЕ НАПЛАЌА ЗА ВЛЕЗ Еве колку ќе чини билетот

Sase Ivanovski

ДВА ПИТБУЛА УБИЈА 13-МЕСЕЧНО ДЕТЕ Трагедија во провинцијата Салерно во Италија

Sase Ivanovski

Управен суд: Неоснована е тужбата на АСЈО за одлуката на ДКСК

Sase Ivanovski

Ердоган не верува дека Хамас ќе го напушти Катар

Sase Ivanovski

Пропалестински протести низ повеќе универзитети во САД по масовните апсења во Колумбија

Sase Ivanovski

Велика Британија го донесе спорниот закон за протерување

Sase Ivanovski

Столтенберг: САД ќе останат верен сојузник во Алијансата без оглед на исходот од претседателските избори во САД

Sase Ivanovski

Над 2 милијарди евра би не чинеле арбитражните постапки поради заглавените рударски инвестиции

Sase Ivanovski

ЦУК препорачува: Имајте полн резервоар и зимска опрема ако возите низ планински предели

Sase Ivanovski

И во првиот квартал од годинава Макстил со минимални емисии на цврсти честички

Sase Ivanovski

МКД.MK: Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Sase Ivanovski

Маричиќ: Срцето на Македонија е црвено и социјалдемократски борбено, со таа европска душа одиме на победа

Sase Ivanovski

Ковачевски: ДПМНЕ нуди етнички тензии и изолација, СДСМ нуди пат кон ЕУ

Sase Ivanovski

Митрески за ТВ 24: Реформа на образованието во согласност со потребите на пазарот на трудот, повисоки плати за сите, вклучително и за младите

Sase Ivanovski

ПРИЛЕПЧАНИ РУЛС ВО СВЕТОТ: ВО ИТАЛИЈА ИМА ЦИГАРИ МАКЕДОНИЈА НАПРАВЕНИ ОД ПРИЛЕПСКИ ТУТУН

Sase Ivanovski

СИНОВИТЕ НА ЗИДАН КОЈ ОД КОЈ ПОУБАВ

Sase Ivanovski

Град Скопје и СУ на Град Скопје „Здравко Цветковски“ во МКЦ реализираа завршната изложба на средношколските годишни проекти

Sase Ivanovski

Грција зафатена од прашина од Сахара, најизразена во јужниот дел на Пелопонез

Sase Ivanovski

Митрески за ТВ 24: Целосен ветинг на судиите, јавните обвинители но и на политичарите ќе биде прва мерка на новата Влада

Sase Ivanovski

Николоски: Платформата 1198 нуди бројни проекти кои допираат до сите сфери во животот, таа ќе го врати владеењето на правото, подобрување на економијата, здравството, образованието

Sase Ivanovski

Маричиќ: ЕВЕ ЈА РАЗЛИКАТА МЕЃУ ОНИЕ КОИ НЕМААТ ПЛАН И НИЕ КОИ ИМАМЕ ПЛАН!

Sase Ivanovski

Мицкоски ги повика и членовите на СДСМ: Заокружете број 2 да се обединиме за историска победа

Sase Ivanovski

Аваја на средба со граѓаните на Виница

Sase Ivanovski

ТРЕБА ЛИ ДА ИМА ПАНИКА ВО ЈАВНОСТА: СПОРЕД АНАЛИЗИТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ВОДАТА РОСА НЕ Е БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ?!

Sase Ivanovski

Сајкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја финансира изградбата на спортскиот комплекс во Битола за кој се избрани и идејните решенија

Sase Ivanovski

Наградени најдобрите студентски идеи на Хакатонот за зелено инженерство

Sase Ivanovski

Даниел Стојчевски носител на листата во ИЕ2: Имаме експертиза за изградба на општество во кое се вреднува и почитува различноста на секој граѓанин

Sase Ivanovski

Ковачевски: Нема откажување од земјоделство по европски стандарди – планираме грантови за мали земјоделци до 20.000 евра

Sase Ivanovski

Секој граѓанин акционер – исправање на неправда

Sase Ivanovski

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Sase Ivanovski

МВР,  ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори

Sase Ivanovski

Битиќи со сметководителите: Со примената на меѓународните стандарди водењето бизнис во Македонија со исти услови како и во целиот свет!

Sase Ivanovski

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ ќе добиеме 850 милиони евра за три години

Sase Ivanovski

Битиќи од Куманово: Европски стандарди во владеењето на правото за да не дозволиме враќање на режимот

Sase Ivanovski

Николоски: Филипче злоупотребувајќи ја секојдневно неговата докторска професија го руши здравствениот систем, затоа масовно на 8 мај да ставиме крај на овие злоупотреби и да имаме систем во кој сите ќе веруваме

Sase Ivanovski

Николовски: Со влезот во ЕУ земјоделеците добиваат 1 милијарда и 100 милиони евра неповратни средства за модернизација на македонското земјоделство

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ветуваа правда, а донесоа артаноиден режим – се гледа кој е вистинската власт, а кој измеќар

Sase Ivanovski

Макрон и градоначалничката на Париз најавија дека ќе пливаат во Сена за да докажат дека водата е добра за Олимписките игри

Sase Ivanovski

Претседателот на Иран: Доколку Израел повторно нападне, прашање е дали ќе остане нешто од нив

Sase Ivanovski

Трамп повторно со провокација до Украина

Sase Ivanovski

Филм за Тоше во српска продукција ќе се прикаже премиерно во Штип!

Sase Ivanovski

Северна Кореја изврши симулирано нуклеарно лансирање

Sase Ivanovski

ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“ : На луѓето им треба поттик да облечат чевли и да излезат да гласаат

Sase Ivanovski

Два хеликоптери на јапонската морнарица се урнаа во Пацификот

Sase Ivanovski

Следниот пакет за Украина ќе биде поголем од нормалниот, вклучува и оклопни возила

Sase Ivanovski

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

Sase Ivanovski

МАЈК ТАЈСОН ПРОДАВА ОБРОК ОД КАНАБИС ВО ФОРМА НА ГРИЗНАТО УВО Црна бобинка, кисело јаболко или лубеница – вие бирате!

Sase Ivanovski

ВИДЕО: ПРЕЖИВЕАЛ ДВЕ ВОЈНИ, ПАДНА ВО ТРЕТАТА Украинците го погодија најстариот воен брод во светот

Sase Ivanovski

ВИДЕО: СО ЕДЕН УДАР ПАДНА КУЛА ОД 240 МЕТРИ Руска ракета ја урна телевизиската кула во Харков

Sase Ivanovski

ВИДЕО: ГИ ПОЛНЕЛЕ СТОМАЦИТЕ СО ШЕМАТА „ЈАДИ И БЕГАЈ“ Ова се мажот и жената кои јаделе во скапи ресторани, а потоа не ја плаќале сметката

Sase Ivanovski

СРБИЈА ВОВЕДУВА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВОЕН РОК Се бара најдобриот модел за воена служба

Sase Ivanovski

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов – ќе бараме зголемување на минималната плата

Sase Ivanovski

Сопственичката на ‘Еурофарм’ ја презеде градежната компанија ‘Пелистер’

Sase Ivanovski

Инаугурацијата на Путин ќе биде на 7 мај

Sase Ivanovski

Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела, велат од ССК

Sase Ivanovski

ЕУ одобри визна либерализација за Србите од Косово

Sase Ivanovski

Независни медиуми: „Кадиров е тешко болен, Кремљ подготвува негов наследник“

Sase Ivanovski

Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција. Минатата година тој го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија

Sase Ivanovski

Сослушани 14 сведоци – таткото на осомничениот за убиството на Данка бара нов адвокат

Sase Ivanovski

Филипче: Николоски не знае што е злоупотреба на професија бидејќи нема професија

Sase Ivanovski

Даштевски: Целосно сме подготвени за утрешните претседателски избори

Sase Ivanovski

Ковачевски: Најавуваме конечно спроведување на ветингот за судии и проверка на потeкло на имот за сите функционери

Sase Ivanovski
Вчитувам....