Оваа година бројот на учеснички на Школата заради зголемен интерес го зголемивме на 30 учеснички.
Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска ги поздрави учесничките на деветата генерација и ги запозна со историјата на Школата за женски активизам и бенефитите од истата. Со поздравни говори се обратија и претставнички на партнерите на Форум на жени на СДСМ Нита Старова, проектна координаторка на Friedrich-Ebert-Stiftung Skopje и Марија Марковска Крушаровска, финансиска менаџерка на Прогрес Институт за социјална демократија.
💬Школата за женски активизам е проект на Форум на жени на СДСМ кој го реализираме веќе деветта година. Школата е поделена во четири модули и истите ќе се реализираат во текот на целата година. Секој модул опфаќа различна тема од феминизам, основи на родова еднаквост, основи на социјалдемократија, тимско работење, законската регулатива, лидерство, јавен говор, говор на омраза, социјални медиуми и насилство врз жените во политика. Со завршување на Школата учесничките ќе бидат родово сензитивни и охрабрени политичарки за понатамошно нивно инволвирање и делување во политиката и општествениот живот.
#женскиактивизам #ФорумЖени