💬Многу долг и трнлив пат сме изоделе и сите премрежја сме успеале да ги надминеме. Сега како народ, како нација и како држава имаме историска шанса да го продолжиме патот кон Европа и за навек да ги затвориме сите национални и идентитетски прашања. Аманетот на нашите предци, преродбеници, револуционери, борци од НОБ, не повикува на заедичка акција за сигурна македонска иднина, тоа е гласот за Европа.
Ние и како држава и како народ, мора да бидеме на мапата рамноправни европски држави, рамо до рамо со европските државотворни народи.
Сами да одлучуваме за себе и за својата иднина, не други да носат одлуки за нас. Да ги браниме и европските вредности ама и македонските национални интереси седнати на големата маса во Брисел. Тоа е современиот македонизам! Затоа е важно да истраеме на вистинскиот, на европскиот пат, да го заокружиме овој процес целосно и до крај. Глас за Европа во Собранието е глас за сигурна македонска иднина.
📍Теренски активности на СДСМ „Рамо до рамо, до победа“ интензивно течат веќе 2 месеци и продолжуваат и во наредниот период. Денеска рамо до рамо со граѓаните на Прилеп беа генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски и претседателот на комисијата за транспорт и врски, Митко Трајчулески.