Антикорупциската комисија ја запре постапката што ја отвори против заменик директорката на Агенцијата за разузнавање, откако во јули минатата година беше поднесена пријава за нејзиното именување дека не ги исполнува условите за нејзиното именување, односно дека работата како асистент кој предава предмети по информатика не може да и се смета за разузнавачки стаж. -Постапката по предметот оформени по пријави од непознат сторител се запира од причина што по пријава со исти наводи постапува надлежното јавно обвинителство и поради тоа ДКСК нема основ за натамошно постапување. Пријавата и прилозите да се достават до надлежното основно јавно обвинителство – одлучиле членовите на ДКСК на затворената седница за јавноста, поради калсифицираните информации што ги достави АР за директорката Стојановска. ДКСК пред одлука за заменичката на АР – дали часовите по информатика можат да бидат разузнавачки стаж?
Но, за ова барање дали при изборот на Стојановска имало партиско влијание, Комисијата се прогласила за ненадлежна. -Државната комисија цени дека со цитираната законска одредба е воведена општа забрана за политичко влијание или избор, именување, или разрешување на лице на службена раководна или друга функција или должност, со исклучок за случаите во кои со закон е определена надлежност на претседателот на Републиката Собранието и владата или органите на локалната самоуправа да вршат избор именување или да даваат мислење или согласност. Исклучоот се однесува за наброените органи кои по својата природа и состав се политички. ова подразбира дека со оваа одредба не е опфатен предметниот случај о кој се работи за именување од надлежност на претседателот. Во секој случај со споменатата одредба не е конституирано никакво надлежно постапување од ДКСК по поднесени пријави туку законот гарантира судска заштита на лицето кое смета дека е оштетено со актот на именување извршено под политичко влијание – се вели во одлуката на Комисијата. ДКСК пред одлука за заменичката на АР – дали часовите по информатика можат да бидат разузнавачки стаж? Членовите на Државната комисија за спречување на корупција минатиот месец конечно се комплетираа со безбедносни сертификати за проверка на документите кои имаат степен на класифицираност, но и со тие сертификати, од јули досега не донеле одлука дали Ивана Стојановска ги исполнува условите да биде заменик-директор на Агенцијата за разузнавање (АР), односно дали има најмалку десет…За директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, ДКСК се прогласи за ненадлежна и истражувањето на валидноста на неговиот сертификат ја остави на Обвинителството кое уште го истражува.