13.8 C
Скопје
23/04/2024 19:21
МАКТЕЛ

  

     

 

До кога ќе наседнуваме на евтините бугарски сценарија?

      

Претепувањето не е нешто што може да се брани веќе во цивилизирана Европа и за ова што се случи сторителите мора да одговараат

 

   

Само што се спомена отворање на дебатата за уставни измени, некој успеја да претепа македонски државјанин што се декларира како Бугарин и да го направи целиот процес беспредметен во моментов.

 

 

   

     

 

По повеќе неуспешни провокации, од отворањето на клубовите со неприфатливи имиња, гостувањата и навредите на Ангел Џамбаски и неприфатливите изјави од бугарските преставници во историската комисија, на Софија конечно ѝ дадовме „ас во ракавот“, со кој уште непочнати, може да ги блокира повторно нашите преговори во ЕУ: Палење на клубот „Ванчо Михајлов“, три напади на клубот во Охрид, од кои еден со огнено оружје и претепување сега на Христијан Пендиков, а никој за сето ова не одговарал до моментов, па дури и се слават и се бранат таквите насилства како да е Македонија Див Запад.

 

 

Колку и да се бараат изговори од наша страна (дека бил дилер, должел 500 евра…), претепувањето не е нешто што може да се брани веќе во цивилизирана држава и за ова што се случи сторителите мора да одговараат. Она што е посебна тема за анализа е фактот дека социјалните мрежи кај нас се полни со лелекања од понижените и навредените од страна на Бугарија, иако ние претепавме Бугарин (?), а не тие наш.

Што треба да се случи по овој настан, па конечно ние во Македонија да не се гледаме себеси на губитничката и понижената страна на границата и да престанеме сами да си ја опструираме иднината во Европската унија? Може ли да тепаш и пак да бидеш жртва, очекувајќи дека некој во Европа ќе има разбирање за ваквиот однос, затоа што некои луѓе имаат неприфатливи ставови во однос на битните прашања за нас? До кога ќе наседнуваме на евтините сценарија на бугарската политика, што се исти и не се сменија веќе шест децении, па со вакви насилства да им даваме сила во Софија да бараат нови отстапки од нас во Брисел?

 

На три места скршена вилица, скршени ребра и потрес на мозок – не е нешто за што не се одговара ни во Тунгузија, а тие што ја бранат оваа „кауза“ не ѝ прават добро на Македонија. Не е нормално, исто така, да се жалиш постојано дека си понижуван и онеправдуван, а самиот да си ја понижуваш, навредуваш и со тоа да си ја ставаш во подредена позиција сопствената држава. Тоа се случува кај нас со упорното припишување антимакедонска позиција на министерот за надворешни работи Бујар Османи, со тезите за „бугарско-бујарско“ сценарио и со плукањето по сите потези на актуелната влада во однос на ова прашање, преставувајќи ја целата политика во моментов како предавство, понижување, капитулација и лигавење.

Јавниот крик да продолжи вербалната војна со Бугарија исто така силно одекнува на социјалните мрежи, иако е јасно дека ќе биде на наша штета и во интерес на тоа што го посакува Софија во моментов. Практично, отпорот кон францускиот предлог се враќа на голема врата на политичката сцена, бидејќи некому тоа очигледно му одговара во моментов, кога на јавноста во Македонија се уште не и е јасно дали добива или губи со него на патот кон ЕУ. Најпоразително е сепак сознанието дека поради јавната хистерија и водењето од емоции, а не разум, Македонија е ставена во позиција да може да изгуби сѐ што доби со меѓународните напори да се реши спорот. И, да потклекне пред провокациите од Бугарија,  држава во која со месеци не можат да изберат влада, која стана синоним за корупција и има претседател што „плива“ спротивно на целата Европска унија во спорот со Русија. Таквата ослабната и понижена Бугарија доби аргументи да го активира својот национализам на најјако, закажувајќи вонредна расправа во парламентот, повикувајќи го на консултации својот амбасадор, барајќи да се укине законот за здруженија кај нас и праќајќи службен авион за да спасува македонски државјанин, за кој не е ни јасно дали е воопшто со бугарско потекло или добил желба да се почувствува така од егзистенцијални причини.

Ако сите навредени и понижени во Македонија од вакви провокации и однесувања почнат физички да се пресметуваат и остануваат неказнети, нужно се поставува прашањето – што е следното? Колку и да изгледаат нереално бугарските пораки дека, ако институциите (па и партиите) не го запрат ова улично барање на правдата, можно е да има и убиени Бугари, состојбата на Пендиков оди во прилог на таквите стравувања. И притоа реално е да се очекува дека на следните избори кај нас оваа тема може да стане клучна, со неа да се покриваат другите непријатни промашувања на политиката и на тој засилен антибугарски национализам да се прави инстант рејтинг во државата.

Тие, пак, што се повикуваат на зборовите „ви рековме“ кога се усвојуваше францускиот предлог за преговорите и за односите со Бугарија – не ја открија Америка. На сите ни е јасно дека Бугарија нема да престане со провокациите, но ние треба да се надминеме себеси и да најдеме за нив системски решенија, како на пример тоа со здруженијата на Бугарите и најавата дека сите бугарски политичари што нѐ навредуваат и понижуваат, нема да можат повторно да доаѓаат во Македонија. Место да се опседнуваме со фашизоидните ликови како Ангел Џамбаски, напротив, треба да ги искористиме нивните провокации за да ја јакнеме нашата позиција во ЕУ. Зашто, провокациите од Бугарија ќе се засилуваат сѐ повеќе, а нам ни е важно што ќе мислат за тоа во Брисел, во Берлин, во Париз и во Вашингтон. И колку и да звучи парадоксално, колку повеќе нѐ провоцираат и навредуваат од Софија, толку подобро ќе биде за нас, ако не наседнуваме како сега или активно не им помагаме, поради разно-разни фрустрации или скриени политички интереси.

    

Најново

ДЕВОЈКА СЕ КАЧИЛА НА АЈКУЛА, ПА ЗАЖАЛИЛА Кога се вратила на плажата почнала да крвари од незгодно место

Sase Ivanovski

ТРАГЕДИЈАТА И БОЛКАТА ВО ЕДЕН КАДАР Ова е најдобрата новинарска фотографија во 2024 година

Sase Ivanovski

УКРАИНСКАТА АРМИЈА СЕ ПОФАЛИ СО МАКЕДОНСКИТЕ СУХОИ Леталата се обновени и модернизирани

Sase Ivanovski

Зиаде: Спроведувањето на договорот меѓу Белград и Приштина никогаш не било поитно прашање

Sase Ivanovski

Борел: ЕУ ги прошири санкциите за иранските производители на дронови и проектили

Sase Ivanovski

Ердоган во Багдад: Потпишаните договори се пресвртница во односите меѓу Турција и Ирак

Sase Ivanovski

Ерменија бара повлекување на хашкото обвинение за етничко чистење во Нагорно Карабах

Sase Ivanovski

Шеф на украинско воено разузнавање: Ќе се соочиме со тешка, но не и катастрофална ситуација

Sase Ivanovski

Колозова: Дел од геостратешкиот концепт на ЕУ е економија базирана на технолошка наука и иновации, натаму треба да се насочиме и ние

Sase Ivanovski

Хорор во Бразил: Три питбула ѝ откинале рака и уво на позната писателка

Sase Ivanovski

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Хаџи Јанев: Хакерските напади врз АРМ се голема шлаканица за сајбер безбедноста на земјава

Sase Ivanovski

Запрен новиот закон кој му дозволуваше на Тексас да апси мигранти

Sase Ivanovski

ФОТО | Глобален феномен: Историјата на ирските пабови и зошто ги има во секој град низ светот

Sase Ivanovski

Повеќе од 50 уапсени на протест во Њујорк, бараа прекин на огнот во Газа

Sase Ivanovski

Проблемите на руските дезертери

Sase Ivanovski

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Sase Ivanovski

СПРЕМААТ ВОЈНА СО СЕВЕРНА КОРЕЈА Лавров ги стави САД, Јапонија и Јужна Кореја на тапет

Sase Ivanovski

ИСИС се заканува дека ќе ги „масакрира“ Путин и Русите

Sase Ivanovski

Им фактурирале комунална сметка за сите гаражи на соседите, хаос во Тетово, се наплаќаат комуналии за подруми и штали

Sase Ivanovski

Пакистанец ја задавил сестра си со голи раце, а татко им го гледал тоа – тврделе дека починала од колера

Sase Ivanovski

Анализа на Политико: Лондонград засекогаш? – Зошто Велика Британија можеби никогаш нема да ги заплени руските средства?

Sase Ivanovski

Рускиот кошмар за ловецот „Су-57 Фелон“ штотуку почнува

Sase Ivanovski

Шведски фудбалски репрезентативец е во кома – го нападна непозната болест

Sase Ivanovski

Границите најгорлив проблем: во Грција штрајкуваат земјоделците, за влез во Хрватска се чека со часови

Sase Ivanovski

Албанци и црнци. Таравари и Обама

Sase Ivanovski

За неколку часа во Мексико убиени двајца кандидати за градоначалници, пронајдени се мртви во нивните автомобили

Sase Ivanovski

Поранешен раководител на државната лотарија стана сопственик на автомат клубови

Sase Ivanovski

Зонското ќе се шири во Ново Лисиче и во Реонски Центар: Од Општината тврдат дека 75 отсто од жителите биле – за!

Sase Ivanovski

160 санкционирани возачи викендот на подрачје на СВР Битола, 56 за брзо возење

Sase Ivanovski

Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент

Sase Ivanovski

Беќаровски најави дека ќе замине од Клиниката за токсикологија

Sase Ivanovski

Разрешувањето на медицинскиот директор на токсикологија е одраз на негативната селекција во здравството од СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Пазарната инспекција ќе контролира кој ќе работи на изборните неработни денови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НАВИВАЧИТЕ ВО ЦИРИХ СЕ СИМНАА НА ТЕРЕНОТ И ГО ИСЧИСТИЈА СНЕГОТ

Sase Ivanovski

Со лични документи, истечени од 24 јули може да се гласа на утрешните претседателски избори

Sase Ivanovski

Спасовски: Само две недели не делат, ќе помогнеме младите да ги спакуваат куферите или ќе ги засукаме ракавите, и Европа ќе ја донесеме тука!

Sase Ivanovski

Шекеринска за европските избори: Во битката со екстремната десница и умерената десница станува поекстремна

Sase Ivanovski

Гоце Делчев ќе добие биста во Албанија

Sase Ivanovski

КАКОВ ВИКЕНД НЀ ОЧЕКУВА? Дождови до четврток, сонце од петок

Sase Ivanovski

Еден век во служба на јавното здравје, ЈЗУ Институтот за јавно здравје одбележува 100 години постоење

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈЕЛЕНА КРЛЕУША ЌЕ БИДЕ КОМУНАЛНА ИНСПЕКТОРКА ВО НОВИ САД

Sase Ivanovski

КАКО ДА ГО ОПИШЕШ ЛУДИОТ БАЛКАН СО ЕДНА ФОТКА?!

Sase Ivanovski

Милиони евра тужби против „Белград на вода“ и „Милениум тим“ поради Савамала

Sase Ivanovski

Мотоциклист прегазил пешак на „Партизанска“

Sase Ivanovski

Поради војната во Газа, неизвесно одењето на македонска делегација по Благодатниот оган од Ерусалим пред Велигден

Sase Ivanovski

ПЛОШТАД СЛОБОДА: СЕГА ГО НЕМА А СЕ НАОЃАЛ ПРЕД СЕГАШНАТА ГИМНАЗИЈА ЈОСИП БРОЗ ТИТО ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Борел: Испораките на проектили во Украина се очекуваат на крајот на мај

Sase Ivanovski

Автомеханичар во Бугарија почнува со плата од 1.400 евра, а во Германија со 3.500 евра

Sase Ivanovski

Д-р Жарко Радовиќ: Нема гробишта за домашни миленици, се закопуваат по дворови и викендички

Sase Ivanovski

Албански државјани нелегално влегле во Македонија

Sase Ivanovski

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Злоупотреби,непотизам и навреди на национална основа. За токсикологија од фактите на Портал х на Фуркан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА МАЛТА СЕ ИЗНЕРВИРА СО ВУЧИЌ И ПОЧНА ДА ЛУПА НА МАСАТА ВО ООН

Sase Ivanovski

МАЛЕСКИ: СРЕБРЕНИЦА Е ГЕНОЦИД, НО НЕ СМЕЕМЕ ДА И БРКАМЕ НА СРБИЈА СО ПРСТОТ ВО ОКО

Sase Ivanovski

Отворена Лабораторија за напредни и одржливи материјали на ТМФ финансирана од НАТО во вредност од 90.000 евра

Sase Ivanovski

Упатство за гласање на претседателските избори

Sase Ivanovski

Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи

Sase Ivanovski

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Sase Ivanovski

ДИК: Акредитирани 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи за претседателските избори

Sase Ivanovski

ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Sase Ivanovski

Заев за „Отворен Балкан“: Напуштање на регионалните соработки може да поттикне национализам, па дури и нови конфликти

Sase Ivanovski

Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Sase Ivanovski

Обилни врнежи од дожд проследени со грмежи

Sase Ivanovski

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри дека сите албански партии потпишале договор според кој нема да има Влада со партија која е против Уставни промени

Sase Ivanovski

Пендаровски: На 24 април да им покажеме дека сме подобри

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: Јас ќе бидам вашиот глас, претседател кој го зборува тоа што народот го мисли

Sase Ivanovski

ЈАКИМОВСКИ: Драги мои сограѓани, две работи ве молам, немојте да останете дома, излезете на гласање и немојте да гласате против, туку гласајте за

Sase Ivanovski

Димитриевски вечерва во Струмица вети: Ќе ја одбраниме Македонија со зборови, а ако треба и со дела

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ахмети направи грешка, на крајот од кариерата наместо како идеолог ќе заврши како ситен криминалец, ќе му преседнат и млекото и кексито

Sase Ivanovski

Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани и поквалитетни услуги

Sase Ivanovski

Мицкоски: Да ја вратиме Македонија на граѓаните затоа што сега е ограбена, понижена, затоа излезете масовно и заокружете за Македонија повторно горда и Македонија повторно твоја

Sase Ivanovski

Мицкоски: Внесот на Бугарите во Уставот е диктат кој го прифати оваа Влада, не ја гледам потребата за внесување на Бугарите кои ги уживаат сите права

Sase Ivanovski

Пендаровски: Потребен е ветинг и на политичарите, не само на судиите и обвинителите 

Sase Ivanovski

Николовски: Вкусот на Македонија го носиме во Европа – давам збор за рекорни 1,35 милијарди евра поддршка до земјоделците и зголемен извоз на домашна храна во следните четири години

Sase Ivanovski

Силјановска: ЕУ треба да има разбирање за нашата различност, а не да нѐ турка во сличност со Бугарија

Sase Ivanovski

Ковачевски: Само СДСМ ја има моќта да ги обедини граѓаните зад идејата за европска Македонија

Sase Ivanovski

Ковачевски: Овие избори се клучни, не се бисквити и гурабии

Sase Ivanovski

Ковачевски: Членството во ЕУ е единствениот докажан рецепт за прогрес и подобар животен стандард

Sase Ivanovski

Силјановска-Давкова од Штип: Од вас зависи што ќе се случи на 24 април, очекувам политички земјотрес, а на 8 мај вулкан

Sase Ivanovski

Извештај на Стејт департментот за човекови права во Северна Македонија: Сериозна владина корупција и насилство врз новинари

Sase Ivanovski
Вчитувам....