55-годишен градежен работник од кумановско вчераутро паднал од објект во изградба во скопската општина Кисела Вода, по што бил итно пренесен во болница, но за жал починал, соопшти МВР.
„На 25.02.2025 во 09:12 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(55) од с.Черкези, кумановско, кој подоцна починал. Според пријавеното, при извршување градежни работи, тој паднал од објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот“, се вели во полициското соопштение.