Верувам дека е време да повторам.
5 години жителите на нашата општина се заложници на приватните автобуски превозници.
5 години добиваме превоз намален за 3 до 4 станици, исклучување од линија кога и како сакаат со изговор: “прашајте си го градоначалникот зашто не возиме до крај, зашто се исклучуваме кај него жалете се”
5 години се обидувам да комуницирам , да посредувам и на мирен начин да ја решам дискриминацијата што приватните превозници ја вршат врз нашите граѓани.
5 години се убедуваме дека не смеат да возат најнечистите, најрасипаните и најстарите автобуси во Шуто Оризари.
Приватните превозници директно и индиректно со својата лежерност и слобода да се однесуваат шерифски со граѓаните придонесоа граѓаните да ја изгубат довербата во јавниот превоз.
Затоа го подржувам секое решение кое ќе го донесе градот Скопје а кое ќе биде во насока на добивање еднаков, квалитетен и достоинствен јавен превоз за сите!