Лидерот на ДПСМ, Иван Стоилковиќ, беше претседател на организацискиот одбор на Светосавската акедемија што по повод Денот на Св. Сава, кој е национален празник на Србите во С Македонија, се одржа на 27 јануари, односно минатиот петок во Македонскиот народен театар. Во тоа својство го прашавме Стоилковиќ зошто Драгослав Бокан бил поканет да беседи на настанот, имајќи ги предвид неговите контроверзни изјави за земјава дадени не толку одамна. На Светосавската академија не беше искажан ниеден проблематичен збор. А, за следната академија ќе ве прашаме вас кого можеме да поканиме“, ни изјави Стоилковиќ
Во рамките на овогодишното одбележување на националниот празник на Србите во С Македонија, освен централната манифестација во Скопје на 27 јануари, ден претходно свечена Светосавска академија се одржа и во Куманово, на која домаќин беше градоначалникот Максим Димитриевски. И на Академијата во Куманово свечената беседа ја одржа Драгослав Бокан.
Наместо коментар и одговор на прашањето на „360 степени“ зошто на Светосавската академија минатиот петок за беседник бил поканет Драгослав Бокан, според кого Македонија е вештачки конструкт кој треба да се распадне, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), Иван Стоилковиќ, ни рече дека за следната академија ќе го праша нашиот медиум кого да поканат.