Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека неговата земја е подготвена да ѝ ја обезбеди потребната помош на Турција.
„Шокиран од веста за смртта и повредите на стотици луѓе како резултат на земјотресот во Турција“, напиша тој на Твитер.
„Изразуваме сочувство до роднините на загинатите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Во овој момент сме блиску до пријателскиот турски народ, подготвени да ја пружиме потребната помош“, истакна Зеленски.
Украинскиот претседател во својата изјава не ја спомена Сирија, каде што земјотресите исто така предизвикаа штети и стотици лица загинаа.