Пази логика, кога сме ги ослободиле и амнестирале УЧКИТЕ од 2001-ва дај тогаш да ги ослободиме и овие што тепаа и газеа се пред себе на 27-ми април?!?! По таа логика на генералот треба во земјава да се укинат затворите и да биде легално и убиство и силување и тешки кражби и тероризам и све?!?!
После тезата му е дека Дурловски не личел на терорист зошто бил оперски пеач, ова значи дека терорист не може да биде убаво дотеран човек со цвикери само арап некој со чалма на главата без заби со брада и со калашников во рацете?! Кои се ова забегувања генерале?! И они не се судени за тероризам туку за терористичко загрозување на системот преку упад во институции и спречување на мирен трансфер на власта со што бевме на праг на граѓанска војна, ти си писмен човек генерале не си ти овчар од Бабуна какви се овие будалаштини?!?!
Некои биле веќе амнестирани, не биле фатени организаторите па зошто овие сега да лежат?! Не направиле многу штета малку ќотек изеле пратениците и тоа не било страшно?! Која е пораката значи со ова на генералот, ќе казнуваме САМО КОГА ДРЖАВЕН УДАР ЌЕ УСПЕЕ И КОГА ЌЕ ИМА УМРЕНИ ПРАТЕНИЦИ, до тогаш да дозволиме кој како ќе му текне со мотки да влегува во собранието?!
Генерале ти си лидер на партија, генерал во МВР, заменик командант на Тигрите, шеф си на ЦУК, тебе не ти личи вакви изјави да даваш, не си ти Јанко Бачев или Палчо или пак Пандов, или пак некој џубокс адвокат желен за слава за да печали клиенти за да млати пари откако ќе се прослави во медиумите, тебе вакви испади не ти требаат, ти барем имаше едно достоинство човечко и политичко, беше борец за правда за татковината, зошто браниш бараби кои бранеа мафија и режим со крв?!?! Нели си демократа, нели си човек кој се бори за владеење на правото, ваквите иницијативи за амнестии се валкање во фекалиите на Груевци, зошто ти се нафати да ги чистиш и да се валкаш, зошто побогу човече?!?!