Во пакетот уставни измени како најважна е корекцијата во Преамбулата, а доколку биде усвоена на крај од Собранието, ќе биде надградена со седум други народи, а не 6 како што беше првично најавено.
Министерството за правда ја финишира иницијативата за предлог-измените на Уставот, оттаму најавуваат дека наскоро ќе ја испратат до Влада официјалната верзија која ја скрои работната група во петокот, а неофицијално амандманите ќе се разгледуваат на првата владина седницa, најверојатно утре.
Во пакетот уставни измени како најважна е корекцијата во Преамбулата, а доколку биде усвоена на крај од Собранието, ќе биде надградена со седум други народи, а не 6 како што беше првично најавено… Освен бугарскиот, хрватскиот, црногогорскиот, словенечкиот, еврејскиот, египќанскиот, во низата делови од народи, ќе бидат набројани и Ерменците, кои според податоците од последниот попис бројат 61 граѓанин во Македонија. Освен во преамбулата, следствено, седумте заедници ќе станат дел и уште од два члена на уставот – за грижата за дијаспората и за Комитетот за односи меѓу заедниците.
Во обид да се стигне до консензус со опозицијата чиишто гласови се неопходни за промена на уставот, Ковачевски најави, а Мицкоски прифати лидерска средба која би се одржала во наредните десетина дена.
-Ќе предводам и ќе ги предложам сите потребни одлуки Македонија да го продолжи својот пат во остварување на втората стратегиска цел, а тоа е членство во ЕУ и се надевам дека сите политички партии, сите претставници на народот, сите пратеници ќе ја препознаат важноста на оваа одлука и својот глас ќе го дадат за државатa – изјави премиерот Ковачевски.
Амандманите што се предложени се целосно на линија со договореното со ЕУ, оценува претседатот Стево Пендаровски… Тој изрази подготвеност, доколку лидертие проценат, да биде домаќин на лидерската средба, иако е скептичен дека ВМРО-ДПМНЕ може да го промени ставот.. Сепак, за разлика од претходно, Пендаровски сега смета собраниската процедура треба почне, иако без обезбедно 2/3 мнозинство.Иако процедурата од правда, Влада, па се до Собранието ќе ја минат само амандманите кои ги предложи работната група за уставните измени, Канал 5 дознава дека политичките партии на Аланците веќе се подготвуваат до Собрание во амандманска фаза да поднесат дополнителен предлог за промената на формулацијата „20 отсто“ со „албански јазик“. Партиски извори брифираат дека се одлучиле на тој чекор бидејќи експертската група немала мандат за јазични прашања во уставот, но веруваат дека заедно со впишување на народите, ќе има политичка волја од сите партии за поддршка на албанскиот јазик..