Претседателот на Движењето БЕСА Билал Касами од собирот со гостиварската младина упати сериозни обвинувања до првиот вицепремиер Артан Груби за кого изјави дека се залага за да го врати во Македонија азилантот Никола Грурвски, поранешниот премиер во Македонија.
„Да, тој Артан Груби кој до вчера беше во влада со Никола Груевски, гледаме дека во последните неколку денови повторно се обидува да го врати на политичката сцена. Сте слушнале дека изјавил дека Никола Груевски имал повисок рејтинг од раководството на ВМРО. Се чини дека Артан Груби уште сонува за успешната соработка во коруптивните зделки со Никола Груевски, еден про-српски, про-руски политичар чии последици ги трпиме 10 години по ред“, рече Касами.