Актерот Кевин Спејси повторно e обиненeт за сексуални напади, покрај петте со кои веќе се соочи. Обвинителството во Велика Британија ќе го гони шеесет и тригодишниот оскаровец за серија сексуални напади извршени врз маж во периодот од 2001 до 2004 година.Обвиненијата вклучуваат три точки за непристоен напад, три точки за сексуален напад и една точка за поттикнување лице на сексуална активност без согласност – сите за иста наводна жртва.Како што пишуваат британските медиуми, Спејси ќе се соочи со новите обвиненијана судење што ќе трае три до четири недели и треба да започне на 6 јуни следната година.За потсетување, Спејси досега веќе беше обвинет за серија сексуални напади врз тројца мажи во Лондон и Глостершир помеѓу 2005 и 2013 година додека беше уметнички директор на театарот Олд Вик. Спејси негираше дека направил било што од тоа за што е обвинет.Во Соединетите Држави, Спејси минатиот месец доби случаj и беше осолободен од обвинение за сексуална злоупотреба. Oбвинителот не ги увери поротниците во граѓанското судење на Менхетен дека Спејси извршил сексуален напад врз него додека имал 14 години.