Американската обвинителка Кимберли Вест е именувана на функцијата главен обвинител за злосторства извршени од борците на ОВК во Хаг, соопшти денеска тој суд.
Во соопштението на судот пишува дека Вест е именувана „по процесот организиран од Европската Унија“.Во САД, Вест беше федерален обвинител и партнер во приватна адвокатска фирма. Од 2008 до 2013 година, таа работеше и во обвинителството на Хашкиот трибунал во судските процеси против поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ и лидерот на босанските Хрвати, Јадранко Прлиќ.Кимберли Вест ќе го замени Џек Смит како главен обвинител, кој се врати во САД во ноември минатата година и ја презеде истрагата за доверливите документи пронајдени кај поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Во меѓувреме, вршител на должноста главен обвинител беше Алекс Вајтинг.Првиот главен обвинител беше Дејвид Швендиман, исто така Американец.