За време на посетата на воената академија Канг Кон, лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, ги критикуваше лошото управување и состојбата на образовните објекти, наведувајќи дека училиштето не ги исполнува целите на владејачката партија за изградба на модерна и моќна армија.
Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, повика на зајакнување и на модернизација на војската за да биде подготвена за евентуална војна, објави денеска севернокорејска државна новинска агенција. За време на посетата на воената академија Канг Кон, Ким го критикуваше лошото управување и состојбата на образовните објекти, наведувајќи дека училиштето не ги исполнува целите на владејачката партија за изградба на модерна и моќна армија. Тој нареди реновирање на академијата и подобрување на образовните програми со фокус на практичната обука, вклучително и совладување на модерното оружје и воената технологија.