Група, која МВР ја нарекува “кластер“ со месеци ги плашале родителите и јавноста, а ги бркаа децата од училишта преку закани за дојави за бомби. МВР ги открила и ги зне кој се. Ќе ги апси кога ќе има доволно докази. Дали се членови на политичка партија како што откриваат бугарски полициски службеници или нивите мотиви се пари, минситерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одбива да соопшти.
Тунелот пломбиран, затворениците кои копале на распит, но доколку има вмешани полицјаци во обидот за филмско бегство тие се уште одат на работа. Не открива детали, но потврдува. Јавниот обвинител Јовевски трага и во насока дали валкани полицајци им помагале на затворниците- копачи на тунел за бегство. Тунелот е копан со месеци или години, а истреагата е во втората недела.
Осомничени се уште нема што, пак, е остава сомнеж дека евентуално вмешаните затвроски служебници или умешно ги кријат трагите или пак се надеваат дека ќе добијат некаква заштита. Своја истрага води и затворот од каде највија и дисциплинска постапка за пропсусите кои биле направени додека во позадина се копал 40 метарски тунел за бегство со целосна инфраструктура.