Во овој навистина тежок гео-политички момент за Европа, кога се води војна во Украина, ова е многу јасен сигнал дека иднината на Западен Балкан и на сите земји од регионот е во ЕУ, изјави премиерот Димитар Ковачевски по Самитот Западен Балкан – ЕУ во Тирана. Премиерот посочи дека на Самитот се разговарало многу отворено на најважните теми, особено за енергетската криза и справувањето, а, како што истакна, повторно биле искажани сите заложби на ЕУ за брза помош за Западен Балкан, преку фондовите кои се на располагање.
– Разговаравме и за тоа што земјите кандидатки за членство во ЕУ го имаат кај себе да го завршат, тука особено разговаравме за владеењето на правото, и за борбата против корупцијата. На агендата на нашата Влада многу високо е владеењето на правото и борбата против корупцијата и дури и овие денови тоа е главна тема што ги окупира нашите медиуми, меѓутоа и нашите политички институции, потенцира Ковачевски.
Веќе, како што посочи, разговарале и на ниво на коалициски партнери, во однос на за прв пат донесување на закон за Ветинг во државата. – Јас за тоа разговарав и тука со највисоките претставници на ЕУ и многу скоро ќе се најде законско решение пред пратениците во Собранието, за спроведување на постапка за оценување на постојните и на идните носители на функции во однос на нивниот интегритет во насока да се намали можноста за каква било нефункционалност на оние кои ќе бидат поставени на позиции, а тука пред се мислам на намалување на корупцијата, криминалот и подобрување на управувањето со институциите, рече Ковачевски. Според Ковачевски, одржувањето на ваков Самит во соседна Албанија само ја потврдува посветеноста на ЕУ кон проширувањето