Одбележуваме 151 година од раѓањето на нашиот голем визионер, револуционер и инспиратор на македонската државност. Еден од нашите најголеми херои кој останува запаметен со неговите дела, труд и иницијатива во борбата за правата на нашиот народ.
Великанот Гоце Делчев го разбирал светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Тие негови идеали и денес се патоказ за сите нас.
Единство и сплотеност за државните интереси се неговите главни пораки и остануваме доследни на нив. Да изградиме едно општество за сите, каде што владее еднаквост и заедништво. Само така може да ги оствариме сите наши заеднички цели.
Заедно да ја водиме нашата држава кон полноправно членство во Европската Унија, каде што и припаѓаме, во големото европско семејство.