7.8 C
Скопје
17/04/2024 22:43
МАКТЕЛ

  

     

 

Ковачевски: Со новиот предлог Буџет за 2023 година обезбедуваме сигурност, стабилност и понатамошен економски раст

      

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска на заедничка прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими го презентираа предлог Буџетот за 2023 година. Премиерот Ковачевски посочи дека со предложениот буџет се обезбедува економска и енергетска стабилност како и поддршка за граѓаните и компаниите во услови на светска економска и енергетска криза.Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:„Како што знаете, предлог Буџетот 2023 е веќе во Собраниска процедура и оваа денешна прес-конференција, која е прва од низата планирани прес-конференции од поединечните министерства, е нашиот придонес во јавната дебата и информирање на јавноста за тоа што точно значи тој буџет и што се планира за наредната година.Накратко би се осврнал на контекстот во кој делуваме во моментов, односно енергетската и ценовната криза, како продолжение на економската криза предизвикана од ковид пандемијата. Од започнувањето на војната во Украина изминаа веќе десет месеци, а геополитичкиот фактор стана дополнителен шок на меѓународните пазари на примарни производи, односно на пазарите на храната и енергенсите. Шокот преку увозните цени брзо и лесно се прелеа во нашата економија, која е една од најотворените економии во регионот. Владата преку фискалната политика го продолжи енергичниот одговор кон шоковите, исто како што реагираше за време на пандемијата, со соодветни антикризни мерки за заштита на граѓаните, стопанството и макроекономската стабилност. Добрите економски политики на Владата се нотирани и во извештаите на Меѓународните финансиски организации, како Меѓународниот монетарен фонд, впрочем немаше ниту да ни биде доделен ПЛЛ инструментот на Северна Македонија доколку не водевме здрави и успешни економски политики. Преку досегашните политики и антикризните мерки кои ги донесовме во два наврати годинава, животниот стандард на граѓаните е заштитен, а ликвидноста на компаниите одржана, со што се заштитени многу работни места во време на криза.Знам дека она кое најмногу ги засега граѓаните е животниот стандард, како ќе се живее, колку ќе е скап животот, што ќе направи Владата за да ги амортизира последиците од кризата. Токму затоа и денес пред вас сакам да посочам неколку главни позиции кои на граѓаните ќе им дадат појасна слика за Предлог-буџетот за 2023.Овој предлог-буџет треба да обезбеди:Сигурност и стабилност и основа за понатамошен забрзан економски раст.Предлог-буџетот за 2023 е точката од која тргнуваме на еден нов пат на кој, како и досега успешно ќе ја менаџираме кризата и последиците од кризата, но и со кој ќе овозможиме полека, но сигурно да закрепнуваме и да растеме и да го подигнеме животниот стандард.Фокусот на овој предлог-буџет е во неколку столба и тоа:Справување со последиците од кризата и поддршка на најранливите,Стабилен економски раст ,Поддршка и интензивирање на процесот на ЕУ интеграции, како и Транспарентност и отчетност кои ќе се постигнат преку покажани резултати и имплементација на буџетот.Владината поддршка за справување со кризата, секако ќе продолжи. Сите антикризни мерки за заштита на стандардот, дополнителната финансиска поддршка за најранливите, како и мерките за одржување на цените на основните прехранбени производи, обезбедувањето на пониска цена на електричната енергија во однос на пазарната за регулираните потрошувачи, ќе продолжат и во текот на целата идна година. Од вкупниот буџет за антикризни мерки се издвоени 250 милиони евра.Обезбедени се средства и за сите надоместоци за ранливите категории граѓани, невработените, стечајците, гарантираната минимална помош, помош и нега на друго лице, поддршка на лицата со попреченост, за социјалните надоместоци и надоместоците за невработени, како и за активни мерки за вработување на млади лица, лица со попреченост итн.Предвидено е да продолжи усогласувањето на минималната плата со просечната и трошоците на живот, соодветно на системското утврдено решение. Предвидени се и зголемувањата на платите во образование, како и зголемувањето на пензиите по новата утврдена методологија кое зголемување треба да се случи првиот квартал идната година.За пензионерите за следната година се издвоени дополнителни 120 милиони евра повеќе од 2022 или вкупно 1.2 милијарди евра за пензиите кои што се зголемени.Во овој сегмент би сакал да ги споменам и трансферите кои се планирани до единиците на локална самоуправа. За 2023 година се планирани вкупно речиси 434 милиони евра во ДДВ и блок дотации кон општините во кои се планирани средства и за исплата на покачените плати на 40.000 просветни работници, кои годинава се покачија за 15%. Владата дава сериозна поддршка како и секоја година до општините, а оваа година, планирани се и 57,5 милиони евра повеќе од 2022 за оваа намена.Тука би сакал да се осврнам на делот од буџетот со плати и надоместоци.За плати во јавна администрација во 2023 година се планирани 570 милиони евра.За здравството како систем се планирани 685 милиони евра.Стабилниот економски раст следната година ќе се обезбеди преку одржување на макроекономската стабилност и понатамошна фискална консолидација како и преку капиталните инвестиции.Во услови на криза носители на економскиот раст ќе бидат капиталните инвестиции кои на среден рок треба да обезбедат позитивни ефекти и реално приближување кон европските економии.Бидејќи овој буџет е позициониран како развоен буџет, за 2023 се проектирани 52,3% повеќе капитални расходи во однос на 2022.Така, во 2023 продолжуваме со инфраструктурни проекти кои ќе нѐ поврзат и внатре во земјата, и со регионот но и со Европа и ќе обезбедат побрз економски раст и развој генерално, но и подобри услови за развој на компаниите и бизнисот. Продолжуваме со изградба на Железничкиот Коридор 8, изградба на клучни автопатски делници, рехабилитација на локалните улици, изградба на социјални станови, продолжуваме со проектот за гасификација на државата.Инаку сите бевте сведоци минатата недела комплетно е завршен гасоводот од влезот на интерконекторот од Бугарија до Битола.Исто така, продолжуваме со капитални инвестиции во земјоделството со кои обезбедуваме пред сѐ зголемено домашно производство на храна, поддршка за земјоделците како и поддршка за модернизација на земјоделството. Преземаме конкретни чекори за да ги решиме суштинските прашања кои ќе ни овозможат да капитализираме од развојниот потенцијал во оваа област на среден и долгорочен план, носејќи им просперитет на нашите земјоделци.Буџетот предвидува продолжување на имплементацијата на интензивниот инвестициски циклус во енергетскиот сектор кој треба да обезбеди зголемување на вкупниот енергетски потенцијал. Особено внимание се посветува на транзицијата кон обновливи извори на енергија како и на енергетската безбедност и енергетската ефикасност на земјата.Заштитата на животната средина е исто така приоритет со новиот буџет. Изградба на пречистителни станици, канализациони мрежи како и воспоставување на регионален систем за управување со отпад и затворање на депонии во источниот и североисточниот регион се дел од планираните инвестиции во овој сектор.Капитални инвестиции се планирани и во здравството односно планирани се инвестиции за изградба и реконструкција на јавни здравствени установи како и набавка на медицинска опрема. Иако не е во делот капитални инвестиции, сепак сакам да напоменам дека здравствената заштита, односно финансирањето здравствени услуги, но финансирањето на обврските на јавните здравствени установи како што веќе кажав е планирано со над 680 милиони евра во буџетот за 2023 што е зголемување во однос на минатата во износ од 63 милиони евра.Капитални инвестиции во образование, детска заштита и спорт се вложувања во изградба и реконструкција на основни и средни училишта, градинки, изградба на училишни и спортски сали, реконструкција на студентски домови, опремување и реконструкција на универзитети и инвестиции во спортска инфраструктура исто така се планирани.Капиталните инвестиции во буџетот за 2023 се проектирани на 800 милиони евра. Знам дека во јавноста постои недоверба во однос на реализацијата на овие капитални инвестиции, но она што можам тука да го посочам е дека ова е мојот прв предлог буџет како премиер, прв буџет врз кој имам контрола за имплементација, и ве уверувам дека лично ќе се заложам да имаме максимална реализација. Во време на криза, овие капитални инвестиции ќе ни обезбедат подобра иднина и подобар животен стандард, а тоа е она за кое јас како премиер силно се залагам.Моето 22 годишно менаџерско искуство ќе го искористам за да обезбедам што повисока реализација на капиталните инвестиции, затоа што тоа е она што и е потребно на нашата земја.Сите овие сегменти, со добро, одговорно менаџирање, со напорна работа и добра контрола на реализацијата, ќе бидат основата која ќе ни обезбеди полесна транзиција кон заздравување и развој на економијата, ќе нѐ застане на нозе и ќе ни овозможи да зачекориме посигурно, офанзивно во обезбедување на што е можно поголем економски развој, особено на среден рок.Бидејќи годинава конечно после 17 години, ги отпочнавме преговорите за членство во ЕУ, во 2023 година ќе обезбедиме буџет кој ќе овозможи да продолжат реформите и трансформацијата на општеството и ќе ни ја подобри позицијата за преговори и отворањето на кластерите. Европската интеграција на државата е од исклучително значење, целата идеја дека конечно Европската Унија ни е на дофат на рака, ни дава нова рамка за тоа како сите процеси кои се обезбедуваат со буџетот од 2023, ќе ни помогнат во што поскорото постигнување на европските стандарди преку подобрување на инфраструктурата, заштитата на животната средина, одржливиот развој, подобрувањето на здравството и образованието, но и преку посветеност на реформите во судството и фокус на владеењето на правото.Воедно, а што мислам дека е исклучително важно за овој буџет е начинот на кој планираме да обезбедиме транспарентност и отчетност, а тоа е фокусот на резултатите од имплементацијата на буџетот. Само со ваков фокус, односно со поставени индикатори преку кои ќе ја мериме ефективноста и ефикасноста на буџетот, воедно ќе овозможиме и ефективни, ефикасни, транспарентни и отчетни институции и одржлив економски развој.Од овој буџет јас очекувам резултати. И ќе инсистирам да ги има.Овој буџет е основата за нашата визија за стабилна, економски просперитетна и напредна Северна Македонија, идна земја членка на Европската Унија. Изминативе 10 месеци вложивме огромни напори и успеавме да ја заштитиме македонската економија и животниот стандард, но сега е време да мислиме за тоа како да одиме напред и како да направиме подобро.Јас лично ќе работам на тоа да обезбедиме сигурност, подобра иднина и просперитет на сите граѓани во оваа држава, да се стремиме кон европските услови и начин на живот затоа што граѓаните заслужуваат да го имаат она што го имаат и европјаните и ништо помалку од тоа.Тоа е мојата задача, таа е мојата, тоа е нашата заедничка цел како Влада.На почетокот на кризата не се знаеше дали ќе има леб, брашно, храна, струја, греење, нафта, не се знаеше дали ќе имаме доволно пари, дали ќе се исплаќаат пензиите. Но, јас ветив дека никој нема да биде оставен сам и тоа и го направивме. Владата одговори соодветно на кризата и денес ние имаме и храна и енергенси и струја. И повисока минимална, повисока просечна плата, повисоки пензии кои се исплаќаат и предвреме.Истиот пристап ќе го имаме и кон реализацијата на буџетот во 2023. Како што повторувам често, кога се има визија и кога напорно се работи, нема недостижна цел.Така ќе биде и со овој буџет.

    

Најново

(ВИДЕО) ДАЧИЌ: МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ЗАЛОЖНИЦИ НА АЛБАНСКОТО МАЛЦИНСТВО

Sase Ivanovski

Јакимовски: Бајер потврди дека ВМРО-ДПМНЕ се спремни да го променат Уставот, сега само го лажат народот

Sase Ivanovski

Осуденик избоден со нож во прилепскиот затвор

Sase Ivanovski

Пендаровски: Колку вреди зборот на човек кој е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат!

Sase Ivanovski

Германскиот пратеник се дообјаснува: Реков дека е подобро уставните измени да се случат што поскоро

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ќе одговораат тие што ја ограбија и понижија Македонија

Sase Ivanovski

Пендаровски – Политичкиот реализам е дека без промена на Уставот нема напредок кон ЕУ

Sase Ivanovski

И со Бујар се претера: Која е потребата, Македонија да се истрчува, како прле пред магаре, во Обединетите нации!?

Sase Ivanovski

Министрите за финансии на ЕУ го стартуваа Планот за дејство на групацијата ЕИБ за и понатаму да ја засилуваат поддршката за индустријата за безбедност и одбрана на Европа

Sase Ivanovski

Најубавите библиотеки во светот

Sase Ivanovski

Османи: За предметот „Пациент“ на СЈО немаше обвинение, мојот противкандидат нема идеи во оваа изборна кампања

Sase Ivanovski

Српското МВР тврди дека не е точно дека автобуси од Косово намерно биле запирани на граничните премини

Sase Ivanovski

Избори во Хрватска: ХДЗ по трет е убедлив победник на изборите

Sase Ivanovski

181 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

СДСМ за изјавата на германскиот пратеник Бејер: Мицкоски едно зборува дома пред граѓаните, друго кажува во Европа

Sase Ivanovski

Јакимовски: Тој што бега од дебата во кампања нема да може да се справи со проблемите како претседател

Sase Ivanovski

Вучиќ ќе се сретне во Белград со Си Џинпинг на 8 мај

Sase Ivanovski

ЗАВРШЕНА Е ИСТРАГАТА ЗА НАПАДОТ НА СКОПСКАТА КОНТРОЛНА КУЛА, СЕ ЧЕКА ЕУРОКОНТРОЛ КОЈА МОЖЕ ДА МУ ПРЕСУДИ НА ВИДОТ НА КРИВИЧНОТО ДЕЛО

Sase Ivanovski

ОФИЦЕРСКИ ДОМ КОЈ ГО ГРАДИ САМСОНЕНКО ЗАЕДНО СО ХОТЕЛОТ НА ПЛОШТАД ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ВО ОКТОМВРИ И ПРЕДАДЕН НА ВЛАДАТА

Sase Ivanovski

Тешко повреден е мотоциклист кај тетовски Челопек, излетал од патот

Sase Ivanovski

Бислимоски: Очекуван е ефект кон цените на нафтените деривати по случувањата со Иран и Израел

Sase Ivanovski

СДСМ ОБВИНУВА: Новиот командир на ПС Ресен од денес, Ѓоко Стрезовски по добивање на решението, се упатил одма во штабот на вмро и на партиски активности!

Sase Ivanovski

ОВА ДО СЕГА БЕШЕ САМО ЗАГРЕВАЊЕ: Утре официјално почнува кампањата за парламентарните избори

Sase Ivanovski

КОВАЧКИ: Со македонската фудбалска легенда Горан Пандев. За Македонија!🇲🇰

Sase Ivanovski

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност – Жосеп Борел официјално го номинираше грчкиот дипломат, Михалис Рокас за нов амбасадор на Европската Унија во С. Македонија

Sase Ivanovski

СДСМ: Дали Силјановска-Давкова смета дека нашите стратешки партнери живеат во Орвеловски свет?

Sase Ivanovski

Министерката за култура најави тужба за клевета против градоначалничката на Скопје

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ до 54, СДСМ до 30 пратеници во идниот парламент, според анкетата на ИПИС

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Оливер Спасовски: Важно е европскиот сон да го живееме овде, во Македонија

Sase Ivanovski

Прегазен пешак кај кичевско Другово

Sase Ivanovski

Ердоган го обвини Нетанјаху за тензиите во регионот

Sase Ivanovski

Столтенберг ги повика земјите од НАТО да му ја дадат на Киев потребната муниција и противвоздушна одбрана

Sase Ivanovski

Вархеји: Следната Европска Комисија ќе биде Комисија за проширување

Sase Ivanovski

Кривична пријава против градоначалник на скопска општина

Sase Ivanovski

Дачиќ: Резолуцијата за геноцидот во Сребреница не придонесува за помирување

Sase Ivanovski

Вработените во „Национални шуми“ излегоа на протест, бараат исплата на две заостанати плати и додатоците

Sase Ivanovski

Бегалец од затвор фатен при кражба во продавница во Крива Паланка

Sase Ivanovski

Јакимовски: Треба да и дадеме рок на ЕУ до 2030, ако не да си бараме алтернатива

Sase Ivanovski

Османи: Осуда на геноцид е универзална човекова должност, сам одлучив за коспонзорството на Резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Филипче: Специјализантите ќе добијат месечен надоместок од почетни 60.000 денари

Sase Ivanovski

Левица отвори нова канцеларија во центарот на Крива Паланка

Sase Ivanovski

СЛОВЕНЕЧКА ФИРМА ГО ОЖИВЕА ВЕЛОСИПЕДОТ „ПОНИ“, А СЕГА САКА ДА ГО ОБНОВИ И МОПЕДОТ „ПОНИ ЕКСПРЕС“

Sase Ivanovski

Шефот на кабинет на Таравари, Фетаи: Секој глас за Бујар Османи е изгорен глас, тој подготвува заминување од политиката

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова: Ако бев Претседателка, сега ќе протестирав и марширав со специјализантите!

Sase Ivanovski

Пендаровски: Се смиривме со соседите, а оваа политичка структура во која сум и јас ја прецесуираше Македонија во најголемата алијанса

Sase Ivanovski

Пендаровски: Tие што беа против Преспанскиот договор сега се фалат со НАТО членството

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАРКО МИХАИЛОСКИ: Иванов уста не отвори за зулумите на Груевизмот, Пендаровски не се кочи во критиките кон СДСМ и ДУИ

Sase Ivanovski

Герасимовски: Стартува „паметното осветлување“ за Центарци

Sase Ivanovski

БОБИ СТЕФКОВСКИ: Економски силна општина е моја цел од првиот ден на мандатот

Sase Ivanovski

Продолжува реализацијата на капиталните инвестиции во општина Гази Баба! Еден таков капитален објект кој се гради после 60 години во општинското основно училиште Наум Охридски е училишната спортска сала

Sase Ivanovski

ЃОРЃИЕВСКИ: После 50 години, жителите од улица ,,Христо Татарчев 2” со краците 8 и 10 добива нов асфалт!

Sase Ivanovski

После 11 години Кисела Вода доби библиотека со над 8000 наслови!

Sase Ivanovski

СУПЕРХИКС ПРОМОВИРАА НОВ АЛБУМ: Албумот се вика ,,Сила и нервоза”

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕ БЛИЖИ ПОЛЕКА ДЕНОТ ЗА ВОЈНА МЕЃУ ЛУЃЕТО И РОБОТИТЕ

Sase Ivanovski

Ивица Дачиќ остро ја осуди препораката Косово да стане членка на Советот на Европа

Sase Ivanovski

Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица

Sase Ivanovski

Бајер: Знам со сигурност дека ВМРО-ДПМНЕ сака да се измени Уставот

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА И СЕ Е МОЖНО: Се затвораат училишта, се намалува бројот на парелки, ама бројот на партиските наставници расте

Sase Ivanovski

Oд 15. и 16. владина седница: Уште еден чекор кон унапредување на статусот на специјализантите – одлука, нивните права и обврски да се уредат со закон; Иницијатива за поедноставување на процедурата за престој на студенти по основ на Мобилност во рамки на Еразмус програмата, Одлука за избор на универзален снабдувач на електрична енергија

Sase Ivanovski

Без транспаретност и отчетност се трошат околу 10 милиони евра за набавки во училиштата кои се финансираат со пари од родителите

Sase Ivanovski

Хаџоли: Србија се одмаздува за гласањето во Стразбур, од полноќ повеќе од 300 Косовари блокирани на границата со Хрватска

Sase Ivanovski

НАРОДОТ БИРА КОЈ ЌЕ НЕ ВОДИ И КАКВА ЌЕ НИ БИДЕ ДРЖАВАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Детектор анкета: 90% од граѓаните забележуваат говор на омраза кој главно се шири преку социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Арсовска: Зошто министерката за култура не го пријавила пожарот во Универзална ако за него вели дека дознала пред 9 часот утрината

Sase Ivanovski

Поројни поплави ги зафатија Обединетите Арапски Емирати, загинаа најмалку 18 лица, најголем број деца

Sase Ivanovski

ПССЕ ја усвои препораката Косово да стане членка на Советот на Европа

Sase Ivanovski

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Секој разговор и средба не носи поблиску до првата цел, победа на Стево Пендаровски во првиот круг. Денес се сретнав со стотици граѓани во Конче и Неготино и гледам голем ентузијазам

Sase Ivanovski

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Она што го правам како доктор и неврохирург ќе го правам и како иден пратеник, а тоа е помагање на луѓето

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Пазарен ден во Струмица, одличен прием од граѓаните. Очекувам голема победа на Стево Пендаровски на 24 април

Sase Ivanovski

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Да ја потсетам кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска дека нејзината партија 11 години од приватните специјализанти правеше социјални случаи

Sase Ivanovski

Мицкоски од Гевгелија: На Македонија и треба претседател а не измеќар на ДУИ, на нивната стратегија како до сега, народот на овие избори ќе им каже готово е

Sase Ivanovski

Пендаровски: На 24 април заокружете број 1 за стабилност во следните уште пет години

Sase Ivanovski

Алкалоид со донација на Омепразол вредна над 200.000 евра за клиниката за детски болести и за детската болница Козле

Sase Ivanovski

Инцидент со осуденикот Репки во штипскиот затвор, додека две групи се тепале, едната добила засилување пред затворската зграда

Sase Ivanovski

МИЗОГЕН ТОАЛЕТ

Sase Ivanovski

Џафери бара комплетна документација од Тошковски за случајот со новинарот Фуркан Салиу

Sase Ivanovski

Советот на Европа бара информации од македонската Влада во врска со случајот со новинарот Фуркан Салиу

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СПЕНЏАРСКА: МАЖИТЕ ТРЕБА ДА СЕ МАЧАТ И РМБААТ ОД УТРО ДО МРАК, ЖЕНИТЕ ТРЕБА ДА УЖИВААТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ПРОДАВАШЕ НА ПАЗАР

Sase Ivanovski

Милановиќ: Пленковиќ ја предводи најкорумпираната влада во историјата на Хрватска

Sase Ivanovski
Вчитувам....