Ковачев поттикнат од изјавата на Мицкоски дека Европа „ја слушнала вистината за македонскиот идентитет“ и дека извештајот на ЕП за напредокот на земјата ќе биде усвоен искоментира дека „во нацрт-извештајот на Европскиот парламент нема многувековен македонски идентитет, ниту во текстот, ниту како предлог од кој било европратеник. Според бугарскиот европратеник ова е уште една манипулација и фикција од страна на Скопје.
„Обидот на Христијан Мицкоски да го претстави извештајот на ЕП како „признание за македонската вечност“ е евтин политички трик. Неговата цел е да прикрие нешто друго – дека всушност се согласува со козметичкото вклучување на Бугарите во преамбулата на Уставот“, пишува Ковачев.Според Ковачев, ова не е доволно за да се започнат преговорите со Европската Унија. Ковачев потсетува под кои околности Бугарија може да го запре процесот: „Ако условите од Договорот за добрососедство од 2017 година и неговите протоколи не се почитуваат и правата на македонските Бугари се прекршени. Бугарскиот устав е граѓански – не признава етнички заедници. Затоа не може да има „етнички Македонец“ во Комитетот за малцинства. Таков комитет едноставно не постои“, тврди Ковачев.Извор: Слободен печат