4.8 C
Скопје
20/04/2024 09:08
МАКТЕЛ

  

     

 

Колку многу агенти

      

На сличен начин во Велес Ковачевски го објасни дејствувањето на Апасиев:„Најзабележителен и најопасен во моментов е Димитар Апасиев. Тој е агент на хаосот. Тој верува дека колку повеќе е лошо за земјата – толку е подобро за него. Неговата цел е да запали оган за луѓето да се стоплат и да заборават дека горат нивните чевли. Еве каде многу луѓе грешат и токму тука е опасноста. Економската криза и фрустрацијата ги очајуваат луѓето и ги тера да размислуваат да му дадат шанса. Во руралните средини, меѓу младите, дури и меѓу средната класа кои се борат за време на кризата. Не лажете се – тој станува посилен“, рече Ковачевски.

Премиерот Димитар Ковачевски
Премиерот Димитар Ковачевски го нарече Апасиев „агент на хаосот“Фотографија: Reg. Nordmazedonien

   

„Воведете малку анархија“Употребата на синтагмата „агент на хаосот“ влезе во мода од неодамна, така да се рече. Од 2008 година и филмот за Бетмен на Кристофер Нолан, „Темниот витез“. Покојниот Хит Леџер таму го играше Џокер и репликата од филмот оттогаш стана многу популарна:„Воведете малку анархија, нарушете го воспоставениот поредок и сè ќе стане хаос“, вели Џокер и продолжува: „Јас сум агент на хаосот и ја знаете работата за хаосот? Тоа е фер“.Филмските критичари ги толкуваа зборовите на филозофскиот анархист. „Тој служи како хаотична маскота за раздор во премногу уреден свет што иронично, за нив, нема смисла. Џокер го нарушува статус-квото, стои во опозиција на сѐ што има да понуди општеството и се смее отстрана“.Има некои сличности улогата на Апасиев со онаа на Џокер од „Темниот витез“. Тој сака да го предизвика демократскиот систем за преку една мала анархија да почне да се превртува со хаос. Тој навредува и омаловажува политичари, новинари, оние кои мислат поинаку, сака да го вознемири општеството. И се обидува да искористи секакви моменти. Пред некој ден, на 29 ноември, поранешниот Ден на републиката, заедно со другиот пратеник од  Левица,  Борислав Крмов, отидоа во Белград, во Куќата на цвеќето, за да се поклонат пред гробот на Тито. Грото на нивните гласачи се меѓу младите луѓе разочарани од неподносливоста на доминацијата на двете главни партии, па Апасиев реши да го прошири својот политички повик кон оние далеку повозрасните, кои сѐ уште се сеќаваат на нивниот живот во Југославија и, секако, на Тито.

 

Визитата е проѕирно планирана, оценките во партиското соопштение мора да бидат силни – „Јосип Броз Тито, најголемиот државник на овие простор, под чие водство македонските партизани победија во војната“. А сега Македонија повторно била „втурната во виорот на мрачните сили“ кои со „Преспанскиот договор и капитулацијата пред неофашистичките барања на Бугарија го исплука гробот на Ј.Б. Тито и ги згази идеалите на македонските партизани, на НОБ и АСНОМ“.Можеби ќе речете дека има малку повеќе цитати од едно партиско соопштение на Левица за посета на гробот на Тито. Но во тоа има политичка логика и поврзаност со она што Ковачевски го кажа на трибината во Велес. Тој таму уште рече:„Прво што прави Мицкоски секое утро кога отвора очи е – проверува во телефонот што кажал претходната вечер Апасиев, па водејќи се од тоа дава наредби каква ќе биде нивната комуникација тој ден.  Да не случајно ВМРО-ДПМНЕ да биде помалку екстремна од Левица  за да не им пребега некој член во партијата на Апасиев. Затоа Мицкоски еден ден вели дека ја поддржува ЕУ, а веќе следниот ден во Собранието ја блокира сета законска регулатива што се однесува на Европската унија. Човек без визија заедно со пироман со визија за хаос. Додадете го во мешавината и  Груевски,  кога под неговото 11-годишно владеење земјата беше блокирана во Европа – и тука е совршената бура (позајмен термин од економијата – н.з.)“.

   

     

Левица, исто како и  ВМРО-ДПМНЕ,  веќе подолго време го нарекуваат СДСМ само СДС, како да е усогласена заедничка политика. А Левица, слично како ВМРО-ДПМНЕ, ја оквалификува владејачката партија како „врховистичката СДС“. Но на Апасиев и другите очигледно не им е сеедно по сите напади на Ковачевски на митинзите кои, сепак, имаат одек кај граѓаните, па во партиското соопштение ламентираат дека „под раководство на СДС деновиве се одвива најцрната кампања против Левица“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан МицкоскиФотографија: Petr Stojanovski/DW

Би можело уште да се нагаѓа од каде произлезе оваа синтагма на Ковачевски за „агент на хаосот“. Можеби тоа не е од „Темниот витез“ или мини-серијата за руското мешање во американските избори. Туку поради вклучувањето и на други „агенти“ за употребата на ваквиот вокабулар изворот на оние што знаат како се водат кампањи оди подалеку – во 1967 година, кога американскиот писател на научна фантастика Норман Спинрад го објави својот роман „Агент на хаосот“ и оттогаш тој термин влезе во јавна употреба.Оваа книга повторно привлече внимание за време на случувањата околу „Брегзит“ бидејќи главен лик во романот случајно се вика Борис Џонсон.

Братството на атентатори-Години пред вистинскиот Џонсон да стане глобален агент на хаосот, измислениот Џонсон од романот на Спинрад беше гневен шеф на Демократската лига, една од трите сили кои се натпреваруваат за доминација во светот. Главниот непријател на Лигата беше моќниот тоталитарен Хегемонски совет, предводен од Владимир Хустов, но поопасен противник демнеше во заднина и ги прогонуваше двајцата: Братството на атентатори, предводено од Роберт Чинг, инаку познат како Агент на хаосот. Книгата започнува со прашањето: „Кој од овие лидери би го следеле?“ Но, Спинрад предупредува да не се донесува избрзана пресуда. „Не одлучувајте премногу брзо“, пишува тој. Според Спинрад двете нешта кои работат заедно – демократијата и тоталитаризмот – завршуваат со трета работа, што е хаос.Можеби свесно, можеби несвесно, но со оваа тирада на Димитар Ковачевски против Левица, партија која сѐ повеќе наликува на екстремно десничарската Алтернатива за Германија, а не на колабираната германска Левица, лидерот на СДСМ, всушност, на одреден начин, му помага на  Христијан Мицкоски.  Нивните партии се двете клучни сили, како во романот на Спинрад, а третата, Братството на атентаторите, сака да ги елиминира. Се разбира, Левица не може да се поистовети со атентатори во буквален смисол, но нивната политика наликува на демократски атентат.

Колку и да изгледаат грубо зборовите на Ковачевски за Мицкоски (и обратно – оние на  Мицкоски за Ковачевски) тие, всушност, може да му бидат од помош на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Нападот од ривалот може да биде од помош, ако внимателно се прочита, за неволјата што може да дојде од оние во близината, за кои мислиш дека ќе ти бидат од корист. Како што беше онаа славна реплика од прислушуваните разговори: „Каменот доаѓа од блиску“.Има моменти на просветлување кај Мицкоски и партијата, како пред некој ден кога силно му аплаудираа на германскиот претседател  Франк-Валтер Штајнмајер  по говорот во Собранието, иако тој го рече и ова, во голема мерка мислејќи на нив:  „Уставниот амандман  е повеќе од тоа да се добие поен во домашната политичка дебата, се работи за повеќе од тоа за што политичките партии или поединци стекнуваат слава. Сега не е време да се западне во поедноставени слогани и националистички чувства. Сигурен сум дека патот кон Европа вреди дури и за следниот, предизвикувачки чекор“. Иако десничарскиот свет се обидуваше да се фати само за  една реченица на Штајнмајер,  која логично произлегува од германскиот демократски вруток: „Правилно е да се дебатира страсно за овие прашања (за промената на Уставот – н.з.). На важни општествени дебати им е потребна оваа страст“.

Љупчо Поповски, автор на колумната
Љупчо Поповски, автор на колумнатаФотографија: Petr Stojanovski

Сцената од Собранието беше дијаметрално спротивна на оној водвиљ што го приредуваа вмровските пратеници за времето говорот од летото на  Германката Урсула фон дер Лајен(претседателка на Европската комисија) и транспарентите кои ѝ ги исфрлаа пред очи. Дали некои други „агенти“ се вмешале во нивните редови и им рекле дека двојна грешка десеткратно се плаќа? Дали оние од германската Фондација „Конрад Аденауер“ им сугерирале дека отсуството на аплаузите по навистина исклучително одмерениот, но со чисти пораки говор на еден германски претседател ќе им нанесе непоправлива штета? Или пак колективниот ум во партијата разбрал дека „инцидентот“ со Фон дер Лајен драматично ја помина мерката и за него знаат во сите главни метрополи?Во крајна линија, тоа не е најважното. Најважното е дали ВМРО-ДПМНЕ ќе влезе во тајниот клуб на агентите на хаосот додека стои на вратата, а од внатре го мами македонскиот Џокер, или ќе остане на вистинското поле за вистинската регуларна политичка битка. За да ја донесе одлуката, Мицкоски има неочекувана помош од Ковачевски, иако таа тој можеби не ја гледа. Како што можеби ни самиот Ковачевски не може да ја види додека го напаѓа.

    

Најново

АЏИБАДЕМ СИСТИНА НАЈПОСАКУВАНА РАБОТНА СРЕДИНА МЕЃУ БОЛНИЦИТЕ

Sase Ivanovski

Пендаровски: На 8 мај двојна победа за сите нас и за Македонија

Sase Ivanovski

Лукаревска од Штип: СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди,  СДСМ е од граѓаните за граѓаните, СДСМ е избор на секој далековид човек

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: Секој ден се будам во 6 сабајле, нема ден да сум промашил со децении

Sase Ivanovski

Пендаровски од Шуто Оризари: Македонија ќе оди напред само ако подеднакво ги вреднува сите етнички заедници 

Sase Ivanovski

МФ: Нема незаконитост во одлуките на МФ, се поништува одлуката на ДИК и се враќа на повторно одлучување

Sase Ivanovski

Маричиќ: Ја имаме најголемата шанса за влез во ЕУ до сега

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: СО ЗАЕВ НЕ ПОВРЗА ХУМАНОСТА, ТОА ПРИЈАТЕЛСТВО ЌЕ ТРАЕ ДО КРАЈ НА ЖИВОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: ОТСЕКОГАШ МЕ ФАСЦИНИРАЛ ЦЕНТРАЛНИОТ НЕРВЕН СИСТЕМ, НЕМА НЕШТО ТОЛКУ СОВРШЕНО ВО СВЕТОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: КОГА БЕВ СТУДЕНТ ПЕРЕВ КОЛИ ВО ПЕРАЛНА

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ 11 години од специјализантите правеше социјални случаи, СДСМ го плати нивниот труд

Sase Ivanovski

Мисајловски: Собранието да има 90 пратеници и да се укине балансерот при вработувањето

Sase Ivanovski

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост 

Sase Ivanovski

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Sase Ivanovski

Караванот на Државна изборна комисија „ТИ СИ НА РЕД“ ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Sase Ivanovski

Таравари: Ќе се погрижам од Уставот да се елиминира навредливата дефиниција на албанскиот јазик

Sase Ivanovski

Стевчо Јакимовски: Македонија не смее да води еднонасочни политики

Sase Ivanovski

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Sase Ivanovski

Kовачевски: 30.000 просечна пензија за достоинствен живот на пензионерите

Sase Ivanovski

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

Sase Ivanovski

Европски фронт: ВМРО формира сојуз со проруски и антиалбански партии

Sase Ivanovski

Спасовски од Куманово: Да ја зачуваме слободата и демократијата и да ја трасираме иднината!

Sase Ivanovski

Зеленски: Способностите на украинските копнени сили ќе бидат ограничени се додека Русија има предност во воздухот

Sase Ivanovski

Амирабдолахиан: Израелските дронови не предизвикаа штета или жртви во Исфахан

Sase Ivanovski

Бугарски тениски судија доживотно суспендиран

Sase Ivanovski

Орбан: Западот е на чекор од испраќање воени единици во Украина, Брисел си игра со оган

Sase Ivanovski

Странски агенции: Одлуката на Уставниот суд му го блокира патот на Милановиќ да формира влада

Sase Ivanovski

Во Бања Лука митинг „Српска те вика“, реакција на иницијатата за усвојување на Резолуцијата за Сребреница во ОН

Sase Ivanovski

Зошто возрасните треба да читаат детски книги? 

Sase Ivanovski

Меџити: Коалицијата ВЛЕН е по барање на народот, а коалицијата на ДУИ со Мендух Тачи и останатите, е коалиција од зорт

Sase Ivanovski

Османи: Покрај државниот консензус за ЕУ, мора да има и економски државен консензус

Sase Ivanovski

Ако го ставеа Усеин зад решетки по пријавата, смртта на Танкица ќе се спречеше, вели нејзина блиска пријателка

Sase Ivanovski

Создаваме винска приказна преку скриените вкусови во грозјето

Sase Ivanovski

ЈАНЧЕВ: Во „Регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарскиот плански регион – ШЕПА“ ќе се згрижуваат и третираат бездомните кучиња од сите девет општини во регионот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИНВЕСТИЦИЈА ОД 100 000 ЕВРА ВО КАВАДАРЦИ, ДЕЛ ДОНАЦИИ ОД ФИРМИ: Интервентен центар за привремено згрижување на лица со социјален ризик

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЦЕЛО КАВАДАРЦИ СЛАВИ: ГФК ТИКВЕШ СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ФИНАЛЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ КУП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГФК ТИКВЕШ ГИ ОБЕДИНИ ВМРО ДПМНЕ И СДСМ ВО КАВАДАРЦИ ПО ГОЛЕМИОТ УСПЕХ ДА СЕ ПЛАСИРААТ ВО ФИНАЛЕТО НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАНЧЕВ: Општина Кавадарци во изминатите 7 години континуирано инвестира во подобрување на јавното улично осветлување

Sase Ivanovski

Димитриевски денеска од Ѓорче Петров порача: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

Sase Ivanovski

Турскиот министер за надворешни работи, Фидан: Нетанјаху се обидува да го вовлече регионот во војна за да обезбеди моќ

Sase Ivanovski

Дроновите камикази се закана која може да ги банкротира западните војски

Sase Ivanovski

Пеци: Зачленувањето на Косово во СЕ ќе се одложи ако не започне процесот за формирање на ЗСО

Sase Ivanovski

Руски напад на Чернигов, осум мртви

Sase Ivanovski

Милановиќ: Мора да се почитува волјата на мнозинството, ова е подготовка за државен удар

Sase Ivanovski

Киев: Русија планира операција под „лажно знаме“ во нуклеарката Запорожје

Sase Ivanovski

Јапонија го наполни со гориво најголемиот нуклеарен реактор во светот

Sase Ivanovski

Кризен состанок НАТО-Зеленски: Сојузниците од Алијансата ќе испратат во Украина повеќе ПВО системи

Sase Ivanovski

Мадиќ: Го заштитивме идентитетот, македонскиот јазик и културата, да го отвориме Уставот за да почнеме со европската агенда

Sase Ivanovski

Туск: Полска ќе се вклучи во ПВО системот „Европски небесен штит

Sase Ivanovski

Мадиќ: Без да се отвори Уставот нема евроинтеграции и напредок во државата

Sase Ivanovski

Гутереш: Крајно време е да запрат одмаздите на Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Бомбардерите на американските воздухопловни сили со долг дострел Б-52 од 20-та ескадрила извршија слетување на цивилен аеродром како дел од вежбата „Bayou Vigilance“ на 12 април 2024 година

Sase Ivanovski

Лидерот на СДП за одлуката на хрватскиот Уставен суд дека хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, не може да добие ниту мандат за составување влада, а не пак да биде премиер: Ова е срамно, недозволиво, нема да мине

Sase Ivanovski

ДКСК пресече во корист на Давкова, АСЈО треба да ја стави во мирување постапката за прием на слушатели

Sase Ivanovski

Јулија и Алексеј Навални ја добија наградата за слобода на медиумите во Германија

Sase Ivanovski

Тошковски: СВР Охрид е спремен за справување со безбедносните предизвици кои ги носат изборите

Sase Ivanovski

Курти: Србија е закана за регионот, нивната војска изведува вежби со дронови-камикази близу Косово и Црна Гора

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕТО ВО ЕМИРАТИ ПРЕДИЗВИКА КАТАКЛИЗМА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕДЕН ДЕН ОТКАКО МИЦКОВСКИ ПОНУДИ ПРИМИРЈЕ СО ЛЕВИЦА И ЗНАМ, МАЛЧЕСКИ И ЗЛАТЕВ РАСПАЛИЈА ЖЕСТОКО ПО ЛЕВИЦА

Sase Ivanovski

Лавров: И да почне преговори со Украина, Русија нема да прави паузи во борбите

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска: Вработените во културата ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти

Sase Ivanovski

Ибрамоски и Глигорова во Битола на потпишување на петицијата „СТОП за извршителите и брзите кредити“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗЛАТЕВ: МОРА ДА СЕ ПРИЗНАЕ, СТЕВО Е УБАВ ЧОВЕК

Sase Ivanovski

НА ПОЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДУДА МУ ТРЕБАА 2,5 ЧАСА ДА ГО УБЕДИ ТРАМП НА СРЕДБА ВО ЊУЈОРК ДА ЈА ОТКОЧИ ПОМОШТА ЗА УКРАИНА КОЈА СО МЕСЕЦИ Е ЗАГЛАВЕНА ВО КОНГРЕСОТ

Sase Ivanovski

УКРАИНА МОЖЕ ЌЕ СЕ СПАСИ: СЕ ОДГЛАВИ ПАКЕТОТ ОД 60 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС, СЕ ОЧЕКУВА ДА СЕ ИЗГЛАСА СЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ДЕНОВИ

Sase Ivanovski

Кон „Време на бетон“ на Игор Иванов Изи: Од брутализам до брутална урбана катаклизма на Скопје

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска: Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика ќе има во втората половина од годинава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинската војска тврди дека соборила руски бомбардер, Москва вели дека станува збор за технички дефект

Sase Ivanovski

Маричиќ на средба со пензионерка од Карпош: Како што растат внуците, така нека растат и пензиите

Sase Ivanovski

СОНК контра МОН: Од кога неработните денови стануваат работни за училиштата?

Sase Ivanovski

Влатко Стефановски пишува автобиографија!

Sase Ivanovski

Битиќи: Просечната пензија ќе ја зголемиме на 30.000 денари

Sase Ivanovski

Да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот

Sase Ivanovski

Трошановски: Првиот чекор во борбата против корупција е судството да се ослободи од партиски влијанија

Sase Ivanovski

Димитриевски ја прифаќа идејата на Мицкоски за национално единство, Апасиев е контра

Sase Ivanovski

Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ: Не знаат што напишале во програмата, Сиљановска би требало да знае – Врховен командат е претседателот!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ: На Давкова нека и служи на чест! Нејзиниот сопруг го кршеше ембаргото со Србија и правеше 1 милион марки на ден!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ: Мицкоски зборува чист бугарски јазик!

Sase Ivanovski

Регрес од 3.000 до 6.000 денари во грејната сезона за пензионерите, вети Филипче од Струмица

Sase Ivanovski
Вчитувам....