Искрено се надеваме дека дијалогот со вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас – граѓаните на РСМ, кои не се плашат и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да го браниме нашето македонско бугарско наследство и идентитет, му пишуваат невладините организации на Бугарите во Македонија на Оливер Вархеји.Невладините организации на Бугарите во Македонија побарале средба со Оливер Вархеји, комесар за соседски прашања и проширување на ЕУ, поради, како што тие наведуваат, институционалната омраза и систематската дискриминација кон нив, објави БГНЕС.Во своето писмо тие нагласуваат дека во нивната татковина нема желба за дијалог со нив од страна на локалната и централната власт. Агенцијата БГНЕС го објави целосниот текст од писмото што македонските Бугари му го пратиле на Вархеји:„Почитуван комесару,Ве молиме дозволете ни да се претставиме!Ние сме претставници на невладините организации отворено идентификувани како бугарската заедница во РСМ. Охрабрени од вашата неодамнешна изјава и подготвеност да нè примите, ви пристапуваме со намера и се надеваме дека таквата средба ќе се одржи што е можно поскоро, се разбира, под услов и вие да можете.Секојдневното стигматизирање на нашата бугарска заедница и неможноста да се воспостави дијалог со локалните и националните власти создава предизвици за нашата заедница кои често ги надминуваат нашите индивидуални и колективни можности. Искрено се надеваме дека дијалогот со вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас – граѓаните на РСМ, кои не се плашат и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да го браниме нашето македонско бугарско наследство и идентитет.Почитуван г. Со нетрпение очекуваме да го добиеме вашиот предлог за состанок.