Од таму додаваат дека исто така, АХВ може да наложи засилени контроли односно анализирање на сите пратки со млеко и млечни производи кои потекнуваат од одредена земја, или регион, за даден временски период.Во нашата земја во изминатиов месец дури два пати беа детектирани афлатоксини во млечните производи. Од Агенцијата за „Фактор“ исто така посочуваат дека согласно Годишната Наредба за извршување на ветеринарните мерки и контроли за заштита на јавното здравство од контаминенти или резидуи кои се пренесуваат од животни, или производи од животинско потекло, во 2022 година операторите со храна во објектите за преработка на млеко, треба да спроведуваат постапки со кои ќе се обезбеди исполнување на барањата за максималните нивоа на микотоксини.Официјалните ветеринари во рамки на Мониторингот за утврдување на присуство на резидуи и контаминети во храна од животинско потекло земаат мостри и од сурово млеко за испитување на афлатоксин – прецизираат од таму.Објаснувањата на стручњаците се дека афлатоксинот, кој настанува од мувла која се развива во регионите со влажна клима, ама како последица на суша, го има во млекото преку добиточната храна. Дозволената концентрација на афлатоксинот во млекото во Македонија 0,05 микрограми на еден килограм, во ЕУ е 0,025. Афлатоксините спаѓаат во канцерогените соединенија. по влегувањето во организмот, можат да бидат метаболизирани во црниот дроб и да предизвикаат рак на црниот дроб. Бидејќи нивното присуство се зголемува после сушни периоди, запрашавме во АХВ дали ова е причина за почести контроли?Од таму велат дека со оглед на фактот оти афлатоксинот во млекото и млечните производи се појавува заради првична појава во добиточната храна со која се хранат животните, се интензивираат проверките, како на пратките од увоз, така и на она млеко кое се произведува како домашно. Исто така посочуваат дека согласно Годишната Наредба за извршување ветеринарни мерки и контроли за заштита на јавното здравство се спроведува испитување на присуство на микотоксини и во суровини и комплетната храна за животни.