Тој дополни дека „Доколку навистина сакаат да се реши проблемот, еве шанса, тие ќе почнат веднаш да го вршат превозот… и ќе го вршат се додека не се реализира новиот концепт. За да нема вакви гужви низ градот, а кога ќе се почне да функционира новиот оглас, да продолжи превозот со новите превозници со кои ќе се потпишат договори. Ова е најоптимално решение, за да не им штетиме на граѓаните“.Тој истакна дека доколку имаме некакви сигнали, некаков одговор и некакво решение за оваа ситуација, за овој предлог кој сега го даваат, на кој инсистираат да се прифати, тогаш ќе престанат протестите.- Во спротивно, масовниот протест на приватните превозници кој го најавивме со блокирање на крстосниците кај Мавровка, Црвен Крст и Илинденска ќе се реализира во понеделник – потенцираше Јовановски. Тој дури предложи и советот на град Скопје да изнајде решение, да издвои средства за приватните превозници, кои дури и немора да е исплата на севкупниот долг, туку поголем дел, и да продолжи да се серивисираат трошоците согласно договорот.