Денеска во 13 коло од ЕХФ Лигата на шампионите ракометарите на Висла Плоцк триумфираа на гостувањето кај Динамо Букурешт со 27:26. После првото полувреме ниту еден од тимовите немаше предност, односно резултатот на паузата беше 14:14.
Сега полскиот претставник повторно е пред Еурофарм Пелистер во битката за шестото место кое води во плеј-офот. Моментно Висла е на петтото место со 10 бодови, колку и Динамо Букурешт на шестата позиција, додека Еурофарм Пелистер е седмопласиран со осум. Македонскиот првак својот меч од ова коло ќе го има в четврток на гостински терен против Фуксе Берлин.