Авионите ф-22 Раптор се најсовремени најдобри најмодерни стелт воени авиони од петата генерација за кои Русија и Кина немаат одговор. Русите и Кинезите имаат некои проторипи но се уште се мачат да ги стават во функција и да ги произведат, Русија има само 12 авиони ФАК ПА а Кина се мачи со шпионажа и ги моли русите да им помогнат и они да развијат таков авион.
Несомнено е ако САД решат да им дадат на Украина 20-30 од своите 200 раптори, Русите ќе бидат уништетни на бојното поле, Украина ќе го запоседне веднаш небото и ќе го освои Крим и ќе ги уништи сите руски позиции со ракети воздух земја и со бомби. Руските системи С300, С400 и С 500 можеби ќе срушат десетина авиони но нема да бидат успешни во спречувањето на таков исход. Епа зошто тогаш американците не им даваат на украинците такви авиони?
Има два начина рапторите да се вклучат во војната во Украина а тоа е САД да ги продаде на Украина или пак да се вклучи САД во конфликтот. Второто отпаѓа во игра веднаш поради опасност од нуклеарен судир на Русија и САД и затоа единствена друга опција е САД да им продаде 30 раптори на Украина. Парите не се проблем, се работи за нешто друго што прави ова да биде исто така невозможна операција. Затоа што САД еднаш се имаат изгорено со таков потег и ден денеска плаќаат цена за тоа.
Имено, пред повеќе од 40 години, пред иранската револуција во 1980-та, Иран и САД беа партнери како што се сега на пример САД и Израел. И САД за да му помогнат на Иран во војната со Ирак им продадоа стотина тогаш супер модерни Ф-14 борбени авиони. Но потоа Иран смени страна и стана најголем непријател на САД и сега ако дојде до војна меѓу САД и Иран или меѓу Израл и Иран, ќе треба да се тепаат од една страна нови Ф-22, Ф-35, и малку постари но реновирани Ф-16, Ф-18, Ф-15 со постарите ирански Ф-14 кои се уште многу опасни затоа што се сепак американска технологија со моќни мотори, радари, ракети и перформанси кои ја прават Иран многу опасна воена сила, затоа САД не сакаат да ризикуваат таква нова грешка со Украина.
Одговорот лежи во следното видео подолу од што се ќе ви стане јасно: