Владините претставници на средбата, како што е наведено во соопштението, го поделија ставот со сојузната министерка за ЕУ на Австрија дека Европската Унија е нецелосна додека земјите од Западен Балкан не бидат дел од неа.–Сојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија, Каролине Едштадлер ја дели со нас истата визија и цел: Северна Македонија и регионот треба да бидат дел од ЕУ час поскоро, пишува Маричиќ на својот Фејсбук-профил.Ковачевски и Едштадлер го изразија взаемното задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји кое се изразува и во недвосмислената поддршка на Австрија за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.Во тој контекст од страна на соговорниците беше констатирано дека Северна Македонија е кредибилен партнер на ЕУ, кој може успешно да придонесе во развојот на најважните европски политики и има капацитет заедно со ЕУ да делува и одговори на предизвиците со кои се соочува цела Европа.
На средбата беше разговарано и за продлабочување на соработката и унапредување на традиционално добрите односи помеѓу двете земји, во областа на културата, енергетиката и реформските активности поврзани со зелената агенда.Австрија е меѓу нашите најважни партнери со која во последните две и пол децении сме сведоци на одлична соработка и постигнати резултати во спроведувањето на многу проекти во секторите, од огромно значење за развојот на земјата, како што се заштитата на животната средина, енергетската ефикасност и отворањето на нови работни места, соопштуваат од Секретаријатот за европски прашања