Станува збор за класична дезинформација. Ниту имало вадење ниту некој може тоа да го направи, ниту бил инволвиран син на висок функционер во случајот. Напротив, вистината е дека на 3 јуни околу 01.45 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје имаше уште една во низата успешни акции на полицијата.
Лишени од слобода се три лица и биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана, а лицата ќе одговараат пред законот и за напад на полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Настанот е соодветно објавен во извадокот од дневни настани кој МВР секојдневно го објавува. Бараме порталот Нетпрес да ја повлече дезинформацијата и да го објави овој демант.
МВР продолжува со бескомпромисната борба против секаков вид на криминал, што го покажуваат и статистиките за сериозно намален криминалитет поради доброто работење на полицијата. И во наредниот период полицијата продолжува со иста посветеност, се во интерес на безбедноста на граѓаните.