Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ги критикуваше западните земји за снабдување на Украина со тенкови и друго оружје и порача дека Крим никогаш повеќе нема да биде дел од Украина, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“. Весникот пишува дека во разговор со новинарите во Загреб, Милановиќ рекол дека е „против испраќање какво било оружје“ во Украина и дека снабдувањето на Украина со оружје само ја продолжува војната. Tие ја наведуваат и изјавата на Милановиќ дека воената поддршка за Украина е длабоко неморална бидејќи нема решение за војната, како и дека доаѓањето на германските тенкови во Украина само ќе послужи за приближување на Русија до Кина. Ја цитираа и изјавата на Милановиќ за Крим, црноморскиот полуостров што Русија го зазеде и анектираше во 2014 година: „Јасно е дека Крим никогаш повеќе нема да биде дел од Украина“.