Трамп тогаш негираше дека изгубил и гласањето на претседателските избори го прогласи за фалсификат. Во хаотичниот упад на толпата, Капитолот беше материјално оштетен за милиони долари, а потпретседателот Мајк Пенс, членови на Конгресот и соработници се спасуваа бегајќи од зданието.Поврзано со ова пак, Министерството за правда вчера повика на сослушување низа локални службени лица од Аризона, Мичиген и Висконсин, а за нивните комуникации со Трамп пред 6 јануари 2021 година. Тие беа повикани од Џек Смит, новиот специјален советник за 6 јануари назначен од министерството.Аризона, Мичиген и Висконсин беа во средиштето на плановите наТрамп да ги преиначи резултатите и остано на власт по изборите во 2020 година.