На 27.02.2025 во 00.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Т.Б.(27) и П.А.(27) од Кавадарци. Тие биле фатени веднаш по извршување „тешка кражба“ во паркирано товарно возило и работна машина во Кавадарци, при што одзеле нафта и други предмети.
Во возилото во кое се превезувале било проанјдено одземеното,а лицата биле задржани во полициска станица. Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.