МАКТЕЛ

    

ММФ прогнозира раст од 3,3% на БДП за 2025 година, но структурните ризици остануваат

      

Владата на Република Северна Македонија го усвои Предлог Буџетот за 2025 година. Предлог Буџетот се донесува во услови на благоинтензивирана динамика на економската активност, но и во
економија која сè уште функционира под својата потенцијална стапка на раст, како и во услови на смирувачка инфлација која сè уште е над нивото кое централните банки го поистоветуваат со стабилни цени. Во таа смисла, Предлог Буџетот 2025 проектира раст на БДП за 2025 година од 3.7% и раст на трошоците за живот од 2.2%. Finance Think проценува дека двете проектирани стапки – на
растот на БДП и на цените – се разумен одраз на моменталните економски движења и претставуваат солидна основа за проектирање на Буџетот. Проекцијата за растот на БДП особено ја поддржува започнувањето со ефективна реализација на клучни инфраструктурни проекти, најавениот инвестициски циклус на локално ниво, и засилената поддршка на приватнитеинвестиции. Сепак, проектираната стапка останува под притисок од неизвесностите во економското окружување, главно од неодамна ревидираните очекувања за пониски остварувања во економиите на главните трговски партнери, главно на германската економија.

Во случај на позначајна материјализација на ризиците за растот на европскиот континент, вклучително и поради најавените промени во трговската политика од страна на САД, кои може негативно да се одразат врз трговијата и оттука врз растот и цените, остварувањето раст од 3.7% за македонската економија ќе стане невозможно. Сепак, Finance Think проценува поголем ризик во сегментот на проектирање на буџетските приходи со номинална стапка на раст од 12.8%, односно повеќе од двојно повисоко од збирот на реалната стапка на раст на БДП и стапката на инфлација. Ваквата проекција прави една или повеќе од следните претпоставки:1. Дека економијата ќе расте побрзо од предвиденото; 2. Дека цените ќе растат побрзо од предвиденото; 3. Дека ќе се зголемуваат даночните стапки и стапките на социјалните придонеси; 4. Дека ќе отпочне сеопфатна и бескомпромисна борба со сивата економија. Finance Think проценува дека првата претпоставка е нереалистична, втората е непосакувана, a третата е ненајавена и делумно неизводлива во овој временски момент. Оттука, како реалистична останува четвртата претпоставка – борбата со сивата економија, за која Finance Think во континуитет укажува и нуди докази базирани на бројки и економска анализа – дека таа крие фискален потенцијал кој надминува 700 милиони евра на годишно ниво – како и препораки од каде може да се почне со цел поголема ефективност на таа борба. Сепак, дури и во најоптимистичко сценарио, нашата проценка е дека борбата со сивата економија не може да донесе толку висок резултат во првата година од справувањето со неа. Дури и ако се погледне во ретроспектива, вкупните буџетски и даночните приходи оствариле номинални стапки на раст повисоки од 10% само во постпандемиската 2021 година (поради ниската основа претходната година) и во кризните 2022 и 2023 година (поради високата стапка на инфлација).

   

Во таа смисла, проекција дека буџетските приходи ќе растат со 12.8% во 2025 година е амбициозна.Предлог Буџетот 2025 предвидува пораст на буџетските расходи за 10.3%, што е пониско од проектираните буџетски приходи и е показател за добра намера. Прегледот во проектираната структура на буџетските расходи укажува на одредена фискална консолидација. На пример, за поздравување е што ставката ‘стоки и услуги’, која најчесто крие сиви зони како времени вработувања во јавната администрација, хонорарни вработувања, трошења за храна, пијалоци, мебел, патувања и сл., е проектирана со стапка на раст од само 2.6%, но мора да се забележи дека таа порасна за 21.3% со последниот ребаланс на Буџетот за 2024 година. Слично, субвенциите и трансферите, кои кријат одредени неефикасности, за кои Finance Think во минатото понуди емпириски докази, растат поскромно, само 1.9%, меѓутоа Предлог-Буџетот не прави никаков осврт за евентуални структурни промени во рамки на оваа ставка. Растот на ставката плати и надоместоци од 8.1% е понизок од проектираниот раст на вкупните расходи, иако и тој раст кој е движен од предвидените зголемувања на платите во (сегменти од) јавниот сектор, останува висок. Последното не кореспондира со динамиката на продуктивноста на јавната администрација која е во континуитет негативна и стагнантна. Од друга страна, растот на трошоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од 14.8% е јасно воден од реализираниот (септември 2024) и предвидениот (март 2025) линеарен пораст на пензиите. Овие две ставки се особено значајни бидејќи ја ослабуваат фискалната консолидација и остануваат да бидат одраз на експанзивниот карактер на фискалната политика, и оттука основен извор на инфлациски ризик во 2025 година. Имено, иако монетарната политика започна постепено да се олабавува поради поволните глобални движења во однос на цените, неопходно е да се има предвид дека домашните извори на ризик за цените на овој начин зајакнуваат и може да претставуваат закана за очекувано позначајно намалување на каматните стапки во економијата, контекст кој би бил неповолен и за растот на цените и за растот на БДП.

Во истата насока, каматните плаќања растат со значајни 17.4%, иако овој трошок е рефлексија на управувањето со јавниот долг во последната деценија и краткорочно е тешко значајно да се промени. Севкупно, порастите кај сите овие трошоци дополнително ја нарушуваат развојната компонента на Буџетот и тој и понатаму останува заробен во социјалните потреби на економијата и
општеството во целина. Капиталните инвестиции се проектирани со раст од 13%, и тој раст е поскромен споредено со претходните години. Иако блага, оваа промена може да има структурен
карактер, за што Finance Think повикуваше во претходната деценија. На позитивната страна, фокусирањето кон поголема ефективност на капиталните инвестиции, почетокот и интензивирањето на клучни инфраструктурни проекти, може да даде поддршка на ваквото проектирање на капиталните трошоци. Сепак, од друга страна, и понатаму мора да се има предвид ограничениот институционален капацитет за реализација на јавните инвестиции, за што говори и фактот дека заклучно со средината на ноември 2024, капиталните трошоци се реализирани само до 42.8%. Според овие движења, реализацијата до крајот на годината би изнесувала до 500 милиони евра од предвидените 725 милиони евра. Овој показател е поразителен. Гледано од таа перспектива, проектирањето на капиталните расходи за 2025 година на ниво од над 800 милиони евра останува со назнаката ‘преоптимистичко’ и со познатиот ризик тие да бидат значајно скратени
при првиот ребаланс на Буџетот. Finance Think апелира средствата кои нема да се реализираат од
капиталните расходи предвидени за 2025 година, а кои не се врзани со наменски заеми и грантови, да не се пренаменуваат за тековни трошоци, туку само да влијаат врз пониско остварување на буџетскиот дефицит. Во тековната 2024 година, како резултат на овие тенденции, буџетскиот дефицит до средината на ноември 2024 е реализиран во обем од 75%, што е позитивна екстерналија.

ваквото проектирање на ПредлогБуџетот 2025, буџетскиот дефицит е поставен на ниво од 4% од БДП. Ова опаѓачко ниво на буџетски дефицит е соодветно и ја одразува фискалната консолидација во одреден обем, спомната погоре, но истовремено и нејзината недоволност, со оглед дека тој останува над фискалното правило според кое буџетскиот дефицит не смее да надминува 3% од БДП. Предлог-Буџетскиот документ, на стр. 11 ги листира следните причини за отстапување од фискалното правило:1. усогласување на платите согласно колективни договори во повеќе дејности, 2. покривање на високиот износ на доспеани, а неплатени законски обврски, 3. реализација на инфраструктурни и енергетски проекти за поквалитен живот на граѓаните и зголемена конкурентност на бизнисите, 4. дигитална трансформација на јавниот сектор, 5. поквалитетно образование и студентски стандард, поквалитетно здравство, 6. поттикнување на рамномерен економскиот развој, 7. финансирање на капитални проекти на единиците на локалната самоуправа, 8. реализација на новите политики на Владата за подобар животен стандард на граѓаните преку линеарен пораст на пензиите, 9. реализација на финансиски обврски за претходно договорени инфраструктурни проекти. Finance Think укажува и остро забележува дека точките 1, 2 и 8 не може да бидат основа за прекршување на фискалното правило. Всушност, овие точки во себе кријат ризик за подгревање на агрегатната побарувачка, во услови на ниска и стагнантна продуктивност, што може значајно да се одрази врз ценовната динамика. Дополнително, според сопствени пресметки во Студија за политиките 53: Фискална дисциплина и ефикасност на фискалните правила во Северна Македонија: Патот кон одржливост (ќе се објави на 22 ноември 2024), достасаните а неизмирени обврски може да бидат значаен товар врз буџетскиот дефицит и јавниот долг, особено во услови кога нивниот вкупен износ – и пријавен и непријавен – може да биде значајно поголем од оној кој е моментално познат (и кој се очекува на крајот на 2024 да изнесува до една милијарда евра) и кој е земен како основа за пресметки во наведената студија. Како заклучок, Предлог-Буџетот 2025 покажува знаци на благи структурни поместувања во споредба со претходните години, поголема реалистичност на макроекономските претпоставки, како и одредена но ограничена фискална консолидација, додека критичните точки на проектирањето бараат понатамошен напор кој ќе ја оптимизира развојната компонента и ќе демонстрира солидна фискална дисциплина. Буџетските приходи подразбираат силна и истрајна борба со сивата економија и кријат ризик да не се реализираат според проекциите. Кај расходите, фискалната консолидација кај одредени ставки е недоволна, особено во контекст на влијанието врз инфлацијата, но веројатно ќе биде компензирана со кратење на високопоставените капитални расходи со првиот ребаланс во текот на 2025.

  

Најново

Ивана Кнез: Булингот пропратен со сексуално вознемирување е честа појава меѓу учениците во образовниот процес, но и подоцна во животот

Sase Ivanovski

Чупеска: Авантуризам на владата во надворешната политика без никаква стратегија и анализа

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ – Денот во 60 секунди – Премиерот Мицкоски најави нови инвестиции во енергетиката од 1 милијарда евра, Владата се усогласува со нови ЕУ директиви, нови законски мерки за напредок во инфраструктурата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКРОН МУ ВИКА НА ТРАМП ВО ОЧИ: СО ТЕБЕ СЕ Е МОЖНО!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФИНСКА ДО ЗЕЛЕНСКИ: И НИЕ СЕ БОРЕВМЕ СО РУСИЈА, И ТОА ДВА ПАТИ, И НИЕ ИЗГУБИВМЕ 10% ОД ТЕРИТОРИЈАТА, И МОРАШЕ ДА ЧЕКАМЕ ДА ДОЗВОЛАТ ДА СТАНЕМЕ ЧЛЕНКА НА ЕУ

Sase Ivanovski

Брисел најави „брз и одлучен одговор на неоправданите американски царини“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКРОН СРЕДЕ БЕЛАТА КУЌА: УКРАИНА ТРЕБА ДА БИДЕ ОБЕШТЕТЕНА ОД СТРАНА НА РУСИЈА ПОРАДИ ВОЕНАТА АГРЕСИЈА, ИСТО И САД И ЕУ ТРЕБА ДА БИДАТ ОБЕШТЕНИ ОД РУСИЈА

Sase Ivanovski

Емполи го елиминираше Јувентус за полуфинале во Купот на Италија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер сити со голот на Халанд триумфираше над Тотенхем

Sase Ivanovski

ЛШ: Висла славеше кај Динамо Букурешт, Полјаците повторно пред Еурофарм Пелистер

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАТКАРИСТИКА И ТОНИ ЗЕН МУ ОБЈАВИЈА ВОЈНА НА БЕТМЕН ВЕЛИТ

Sase Ivanovski

„Ги чуваше тета“: Шок и гнев во БиХ по откривањето на куќата полна со деца во Брчко

Sase Ivanovski

76 од 80 професори го напуштија Наставничкиот совет додека новата директорка ја читаше биографијата

Sase Ivanovski

Сопственикот на пица Домино во Индија обвинет за силување

Sase Ivanovski

Мариела Трајковска: Кампања е, партија тужи, партија суди

Sase Ivanovski

МАРИН ГАВРИЛОВСКИ: Ако не си на масата, тогаш си на менито

Sase Ivanovski

Повреден планинар од Чешка е спасен вечерва на Попова Шапка

Sase Ivanovski

Трамп го почна најавеното селектирање медиуми: Либералниот „Хафингтон пост“ непожелен во Белата куќа

Sase Ivanovski

Во Албанија продадени 10 тони мандарини со пестициди вратени од Хрватска, денеска уапсени три лица

Sase Ivanovski

Чупеска: Авантуризам на Владата во надворешната политика, немаат стратегија и анализа

Sase Ivanovski

САД воведоа санкции против шест субјекти од Хонг Конг и Кина поради соработка со Иран

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа на патот Битола-Прилеп, неофицијално еден човек загинал

Sase Ivanovski

Вучиќ пристигна во Бања Лука: Знам колку му е тешко на Миле, му видов солза во окото

Sase Ivanovski

Акциите на „Тесла“ во стрмоглав пад, продажбата во Европа е преполовена

Sase Ivanovski

ЕУ повикува на смиреност: Политичарите во БиХ да се воздржат од провокативна реторика

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: ОВИЕ ДЕНОВИ БЕВ ДА СИ КУПАМ НОВА КОЛА, МАЈКО МИЛА, ПОД 45 000 ЕВРА НЕМА НОВА КОЛА ОД СРЕДНА ГОЛЕМИНА, ЌЕ ЈАВАМЕ МАГАРИЊА!

Sase Ivanovski

ЕКС АМБАСАДОРКАТА НА САД ВО ООН, НИКИ ХЕЛИ: АМЕРИКА НИКОГАШ НЕ БИЛА НА СТРАНАТА НА ДИКТАТОРИТЕ!

Sase Ivanovski

СЕАД РИЗВАНОВИЌ: ДАЛИ ПАЛЧО ЈА УБИЛ ВАЊА ПО НАЛОГ НА МОСКВА ЗА ДА ГО САБОТИРА САМИТОТ НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ?!

Sase Ivanovski

ЗАМЕНИЧКАТА ПОТРПАРОЛКА НА ПЕНТАГОН ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ НАПИШАЛА НА ТВИТЕР КОСОВО Е СРБИЈА?!

Sase Ivanovski

ЛУДИЛО: СЕГАШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА САД, ДО ВЧЕРА БЕШЕ ВОЕН АНАЛИТИЧАР НА ТЕЛЕВИЗИЈА И ЈА СЛЕДЕШЕ РУСКАТА ИНВАЗИЈА ВО УКРАИНА

Sase Ivanovski

МАНУ претстави стратегија за искористување на македонските минерални суровини во следните 20 години

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп нареди повеќе отпуштања – Маск се состана со кабинетот

Sase Ivanovski

Мицкоски: На меѓународен план постигнуваме сојузништва незапаметени во независна Македонија

Sase Ivanovski

Уапсен е бившиот хрватски министер Дабро, го учел малолетниот син да пука и да фрла бомби

Sase Ivanovski

ДУИ: Непоколебливо сме посветени на транспарентноста, отчетноста и интегритетот

Sase Ivanovski

Орбан: Пресудата против Додик е политички лов на вештерки

Sase Ivanovski

Состанокот на Каја Калас со Марко Рубио е откажан

Sase Ivanovski

„Инфлуенсерите“ ќе се регулираат, АВМУ подготвува посебен правилник

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вонредна прес-конференција на Градоначалникот Стевчо Јакимовски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Судски совет не утврди неправилности во пресудата за Јованов на Даниела Алексовска Стојановска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Борче Кузмановски: Дали знаевте дека во општина Аеродром постои собирно место каде може да ги оставите отпадните гуми и тоа бесплатно?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Ристески: Заврши политиката на сервилност “како до сега“, ВМРО-ДПМНЕ работи на унапредување и развој на односите со стратешките партнери

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да продава популизам, Чупеска нека се потруди да го информира Филипче како и зошто гласала Македонија во Обединетите нации, за да не држи аметерски и смешни прес-конференции

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Инвестицијата од 1 милијарда евра во гасни централи на Казанџи Холдинг ќе го намали загадувањето, Неготино доби нов затворен градски пазар

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ахмети има редовна комуникација со Груби, го советувам да се врати и да се соочи со правдата

Sase Ivanovski

Мицкоски: Размислувам за смена на државниот грб, не размислувам и не ми паѓа на памет да се менува химната

Sase Ivanovski

Зеленски бара безбедносни гаранции за да го прифати економскиот договор со САД

Sase Ivanovski

Томас Бах поднесе оставка, седум кандидати за нов претседател на ИОК

Sase Ivanovski

Трамп не го послуша Макрон: Воведуваме царини од 25 отсто за увозот од ЕУ

Sase Ivanovski

Загина градежен работник, паднал од објект во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Австралија: Осудени родители-секташи чија осумгодишна ќерка умре зашто не ѝ давале инсулин

Sase Ivanovski

Словачка ќе обезбеди привремен азил за Украинците

Sase Ivanovski

Шпаркасе Банка и Европската инвестициска банка започнуваат соработка за развој на зелено финансирање во државата

Sase Ivanovski

Претседателот Гаши и Делегација на средба со Комитетот за одбрана во Лондон

Sase Ivanovski

„Бев нападнат од пациентите“, напишал докторот од Клиниката за урологија кој беше даден на дисциплинска

Sase Ivanovski

Во пресрет на најавените санкции промена на сопственичката структура на српската нафтена компанија

Sase Ivanovski

Стејт департмент: Војната во Украина не е тема на разговор меѓу Русија и САД во Истанбул

Sase Ivanovski

МФ: ММФ ги објави прелиминарните наоди од Мисијата по член IV – Јавните инвестиции главен двигател на растот, нотирани целите на Владата за намалување на дефицитот, зголемување на продуктивноста и намалување на неформалноста

Sase Ivanovski

СДСМ: Викторија Трајков го потврди она што го говори СДСМ, диломатијата ни е слаба

Sase Ivanovski

Билатерална средба на Собраниска делегација, предводена од претседателот Гаши, со спикерот на Долниот дом на Британскиот парламент

Sase Ivanovski

Средба на претседателот Гаши и собраниска делегација со британскиот парламентарен комесар за стандарди

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова положи венец со свежо цвеќе на вечните почивалишта на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата

Sase Ivanovski

МЕП: Средба на Муртезани со новоименуваната амбасадорка на Јапонија, Кавахара

Sase Ivanovski

СДСМ: Упативме искрено извинување до медиумите и до јавноста, за последното соопштение во коешто се споменува Викторија Трајков

Sase Ivanovski

Викторија Трајков: Би сакала НАЈОСТРО ДА ГИ ДЕМАНТИРАМ небулозните лаги кои се изнесени во ова соопштение на анти-македонската СДС.

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Посета на заменик министерот за внатрешни работи Исени на СВР Скопје

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС фејк њуз, денес не им е денот, видеото од Викторија Трајков е критика на нивната дипломатија пред 2 години, а не од сега

Sase Ivanovski

Уапсени три лица под сомнение за трговија со луѓе – Во куќа во Брчко пронајдени 31 дете, меѓу нив и помладо од една година

Sase Ivanovski

Арачиновец им извадил пиштол на работници на ЕВН

Sase Ivanovski

МНР: Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика

Sase Ivanovski

ДКСК ја запре постапката за заменик директорката на АР – имало вкупно 8 пријави и една во Обвинителство

Sase Ivanovski

Жена тешко повредена на работното место во скопска кафеана

Sase Ivanovski

Реакција на руското МНР: Пресудата против Додик ќе има катастрофални последици за БиХ и регионот

Sase Ivanovski

Лавров: Испраќањето на мировници во Украина се „празни разговори“

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова положи цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски

Sase Ivanovski

Уапсен романскиот претседателски кандидат Калин Ѓорѓеску

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Жалост во Израел: Река народ на погребот на Шири Бибас и нејзините две деца

Sase Ivanovski

Кичевец заработи кривична пријава поради бесправно градење

Sase Ivanovski

ЛУДИЛО ВО СУДНИЦА: ЕКС НАЧАЛНИК ВО МВР ТВРДИ ДЕКА ПАЛЧО БИЛ ЖРТВА НА МЕСТЕНКА ОД ЦИА ЗАТОА ШТО И ПОМАГАЛ НА РУСИЈА ДА НАБАВИ ДРОНОВИ ОД ИРАН?!?!

Sase Ivanovski
Вчитувам....