Според него доколку Алијанса за Албанците биде владин партнер, но и ако Алтернатива остане, тогаш ќе има начини и канали за комуникација и соработка, бидејќи како што нагласи, Алтернатива е кооперативна партија. Тој додава дека нивната партија нема црвени линии за коалициските партнери и дека се подготвени да направат компромис и да отстапат некои од министерските места на кои имаат нивни кадри.