Попоски напоменува дека овие атмосферски процеси локално би можеле да бидат застапени во форма на невреме, а можни се и нови локални поплавувања слични на оние кои неодамна се случија во Тетовско. Македонија треба да се подготви за моќен циклон за време на викендот, кој ќе биде проследен со силен ветер и интензивни врнежи, па поради тоа може да се очекуваат поплави во некои делови од земјата – открива метеопрогнозерот Славчо Попоски за Плусинфо.
– Барем според последните анализи кои ние ги направивме со помош на најпрецизните нумерички модели во светот, за време на викендот кој доаѓа, како и во почетокот од следната седмица, Македонија треба да се подготви за моќен и длабок циклон кој ќе услови силен јужен и југоисточен ветер, интензивни врнежи од дожд како и локална појава на грмежи – вели Попоски. Тој напоменува дека овие атмосферски процеси локално би можеле да бидат застапени во форма на невреме, а можни се и нови локални поплавувања слични на оние кои неодамна се случија во Тетовско.