13.8 C
Скопје
24/04/2024 09:52
МАКТЕЛ

  

     

 

Муртезани: Жените да излезат од комфорната зона ако ја сакаат науката и технологијата, ИТ има многу што да понуди

      

Северна Македонија напредува во својата дигитална трансформација, но не е на исто ниво со многу земји од ЕУ. Важно е организациите и владата да ги едуцираат граѓаните и да им ги обезбедат потребните алатки и ресурси за да им помогнат да ги разберат и усвојат дигиталните технологии. Жените да излезат од нивната комфорна зона и ако ја сакаат науката и технологијата, Информатичката технологија (ИТ) има многу што да понуди. Ова, меѓу другото, го кажа во интервју за Порталб.мк, Дрита Рустем Муртезани, специјален советник за ИКТ на министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.

   

Како го гледате развојот на дигиталната трансформација во Северна Македонија и имајќи ги предвид стандардите на ЕУ, со која оценка од 1 до 10 би ја оцениле моменталната состојба на ова поле?

 

Северна Македонија напредува во својата дигитална трансформација, но не е на исто ниво со многу земји од ЕУ. Земјата има релативно висока пенетрација на користење на интернетот и мобилната телефонија, но сè уште има значителни разлики во пристапот и нивното користење, посебно во руралните средини. Владата и даде приоритет на развојот на дигиталната инфраструктура и спроведе различни иницијативи за промовирање на дигиталните вештини и е-трговијата. Меѓутоа, сè уште има предизвици кои што треба да се решат, како што е недостатокот на финансии за дигиталните проекти и недостатокот на квалификувани ИТ професионалци. Општо гледано, дигиталната трансформација на Северна Македонија е во тек и земјата прави напори да ги достигне стандардите на ЕУ.

   

     

Дали граѓаните на државата, но и самата држава имаат дигитална култура и колку тоа помага или го попречува процесот на дигиталната трансформација?

Дигиталната култура на граѓаните исто така игра важна улога во процесот на дигиталната трансформација, особено од аспект на усвојувањето и употребата на дигиталните технологии. Едно општество со висока дигитална писменост и силно разбирање за придобивките и ограничувањата на технологијата има поголема можност да ги усвои и во целост да ги искористи дигиталните услуги и технологии, кои можат да го поттикнат економскиот раст и да го подобрат квалитетот на животот.

Меѓутоа, процесот на дигиталната трансформација главно се води од организациите и владата, а не од граѓаните. Граѓаните се крајните корисници кои ќе имаат корист од дигиталната трансформација, но тие не се оние кои го водат процесот. На пример, ако граѓаните не се дигитално писмени, тоа може да биде пречка за дигиталната трансформација на општеството, но решението за ова прашање не е само нивното едуцирање, туку и обезбедувањето на достапни дигитални услуги и лесни за користење.

Затоа е важно организациите и владата да ги едуцираат граѓаните и да им ги обезбедат потребните алатки и ресурси кои ќе им помогнат да ги разберат и усвојат дигиталните технологии, но ова е само еден аспект на еден успешен процес на дигитална трансформација.

Според нашите истражувања, граѓаните во земјава недоволно ги користат електронските услуги. Какви чекори има преземено до сега Министерството за информатичко општество и администрација за да ги поттикне граѓаните да не чекаат по шалтери, кога еден одреден документ можат да добијат онлајн? Дали има некаков план во оваа насока – да се зголеми бројот и користењето на електронските услуги?

Токму за оваа цел, МИОА го реализираше проектот „Една точка на услуги“, кој овозможува на едно место да се добијат повеќе услуги од повеќе министерства и државни институции, со што значително се скратува времето на чекање на граѓаните при добивањето на овие услуги, се олеснува животот на граѓаните, но истовремено се зголемува ефикасноста и ефективноста на работата на администрацијата.

Постојат неколку стратегии кои владите ги користат за да го зголемат бројот на електронските услуги и нивното користење од граѓаните, а токму во оваа насока се и некои од активностите предвидени во Националната стратегија за ИКТ:

Развојот на дигитална инфраструктура: Инвестирањето во развојот на дигиталната инфраструктура, како што е брзиот интернет и мобилните мрежи, може значително да помогне во подобрување на пристапот до електронските услуги за граѓаните.

Стратегијата за е-влада: Развивање на една сеопфатна стратегија за е-влада која ја опфаќа дигитализацијата на владините услуги и имплементацијата на дигиталните платформи може да помогне во зголемување на бројот на е-услугите достапни за граѓаните.

Развојот на дигиталните вештини: Обезбедувањето на програми за обука и едукација за дигитални вештини, како што се компјутерската писменост, користењето на интернетот и безбедноста на интернет, може да помогне во зголемувањето на способноста на граѓаните за полесен пристап и користење на електронските услуги.
Промотивните кампањи и кампањите за подигнување на свеста: свесноста и промовирањето на придобивките од е-услугите може да ги поттикне граѓаните да ги користат истите. Во стратегијата како активност е предвидена „Неделата на дигитализација“, при што секој ден ќе се третира една посебна тема, меѓу кои ќе биде и таа за промовирање на придобивките од користењето на електронските услуги како и промоција на најважните услуги.
Која е причината што многу мал број на институции ја користат платформата за интероперабилност, која би го олеснила обезбедувањето на побрзи и ефикасни услуги?

Постојат неколку начини за зголемување на користењето на интероперабилноста од страна на институциите, како:

Развојот и имплементацијата на заедничките стандарди: со воспоставување на заеднички стандарди за размена на податоци, институциите можат да обезбедат комуникација помеѓу нивните системи без проблеми и имплементација на овие стандарди.
Поттикнувањето на соработката и споделувањето на информациите:

со поттикнување на културата на соработка и споделување на информации меѓу институциите, тие можат да работат заедно за да развијат и имплементираат интероперабилни системи користејќи ја безбедноста што ја обезбедува интероперабилноста.
Употребата на постоечките технологии: институциите можат да ги искористат предностите на постоечките технологии, како што се API, за да ја олеснат размената на информации помеѓу системите.

Владините политики: владините политики можат да играат важна улога во промовирањето на интероперабилноста со тоа што ќе ги принудат институциите да користат одредени стандарди или технологии, во овој случај, придобивките од платформата за интероперабилност.
Едукацијата и свесноста: институциите можат и да ги зголемат трансакциите користејќи ја платформата за интероперабилност преку едукација на својот персонал и засегнатите страни за придобивките од интероперабилноста и околу тоа како истата да ја имплементираат во нивните системи.
Генерално, важно е усвојувањето на платформата за интероперабилност да се направи што е можно полесно и јасно да се покажат придобивките што таа може да и ги овозможи на институцијата.

Северна Македонија била и продолжува да биде цел на сајбер напади. Во овој аспект, што предвидува Стратегијата за информатичко-комуникациска технологија и Стратегијата за сајбер безбедност?

Клучна компонента на стратегијата за ИКТ и Стратегијата за сајбер безбедност 2023-2027 година (која е во фаза на финализација) е човечкиот елемент – дигиталните вештини и свесноста за сајбер безбедноста и подготвеноста за инциденти со сајбер безбедноста.

Покрај тоа, Стратегијата за сајбер безбедност можно е да вклучува и планови за одговор на инциденти и закрепнување од катастрофи, кои ги прикажуваат чекорите што треба да се преземат во случај на сајбер напад или друг вид на инцидент. Овие планови може да опфаќаат процедури за идентификување, спречување и закрепнување од инциденти, како и за комуникација со заинтересираните страни и враќање на работата во нормала.

Стратегијата за ИКТ и за сајбер безбедност редовно ќе се ажурираат за да се биде во чекор со променливата природа на заканите и новите технологии.
Колку е тешко за една Албанка да работи во областа на ИКТ и особено на стратешко ниво во една толку важна институција како што е МИОА?

За една Албанка која живее во Северна Македонија да работи во областа на информатичката и комуникациската технологија (ИКТ) може да биде тешко поради голем број фактори, како што се културните и социјалните ставови кон жените како работна сила.

Но, вреди да се напомене дека во Северна Македонија, во ИКТ секторот, јазот меѓу мажите и жените речиси и да не постои. Според податоците на Европската Комисија, во Северна Македонија жените сочинуваат речиси 45% (2021 година) од работната сила во ИКТ секторот.

Меѓутоа, важно е да се постават политики и програми кои ја промовираат различноста, правичноста и инклузивноста за да помогне во надминувањето на овие предизвици.
Која е вашата порака за девојките кои сакаат да се занимаваат со информатика?

Мислам дека има едно недоразбирање за ИТ секторот и можностите кој тој ги нуди, има многу различни области достапни за новите кадри, како што е сајбер безбедноста, роботиката и вештачката интелигенција. Овие се области со брзи возбудливи движења за жените кои бараат интересни и предизвикувачки кариери.

Мојата порака до жените е да излезат од нивната комфорна зона и ако ја сакаат науката и технологијата, ИТ има многу што да понуди. Со влијанието на вештачката интелигенција и апликациите на квантната информатика, работите само што станале многу поинтересни и има многу што да се научи.

    

Најново

Над 2 милијарди евра би не чинеле арбитражните постапки поради заглавените рударски инвестиции

Sase Ivanovski

ЦУК препорачува: Имајте полн резервоар и зимска опрема ако возите низ планински предели

Sase Ivanovski

И во првиот квартал од годинава Макстил со минимални емисии на цврсти честички

Sase Ivanovski

МКД.MK: Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Sase Ivanovski

Маричиќ: Срцето на Македонија е црвено и социјалдемократски борбено, со таа европска душа одиме на победа

Sase Ivanovski

Ковачевски: ДПМНЕ нуди етнички тензии и изолација, СДСМ нуди пат кон ЕУ

Sase Ivanovski

Митрески за ТВ 24: Реформа на образованието во согласност со потребите на пазарот на трудот, повисоки плати за сите, вклучително и за младите

Sase Ivanovski

ПРИЛЕПЧАНИ РУЛС ВО СВЕТОТ: ВО ИТАЛИЈА ИМА ЦИГАРИ МАКЕДОНИЈА НАПРАВЕНИ ОД ПРИЛЕПСКИ ТУТУН

Sase Ivanovski

СИНОВИТЕ НА ЗИДАН КОЈ ОД КОЈ ПОУБАВ

Sase Ivanovski

Град Скопје и СУ на Град Скопје „Здравко Цветковски“ во МКЦ реализираа завршната изложба на средношколските годишни проекти

Sase Ivanovski

Грција зафатена од прашина од Сахара, најизразена во јужниот дел на Пелопонез

Sase Ivanovski

Митрески за ТВ 24: Целосен ветинг на судиите, јавните обвинители но и на политичарите ќе биде прва мерка на новата Влада

Sase Ivanovski

Николоски: Платформата 1198 нуди бројни проекти кои допираат до сите сфери во животот, таа ќе го врати владеењето на правото, подобрување на економијата, здравството, образованието

Sase Ivanovski

Маричиќ: ЕВЕ ЈА РАЗЛИКАТА МЕЃУ ОНИЕ КОИ НЕМААТ ПЛАН И НИЕ КОИ ИМАМЕ ПЛАН!

Sase Ivanovski

Мицкоски ги повика и членовите на СДСМ: Заокружете број 2 да се обединиме за историска победа

Sase Ivanovski

Аваја на средба со граѓаните на Виница

Sase Ivanovski

ТРЕБА ЛИ ДА ИМА ПАНИКА ВО ЈАВНОСТА: СПОРЕД АНАЛИЗИТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ВОДАТА РОСА НЕ Е БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ?!

Sase Ivanovski

Сајкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја финансира изградбата на спортскиот комплекс во Битола за кој се избрани и идејните решенија

Sase Ivanovski

Наградени најдобрите студентски идеи на Хакатонот за зелено инженерство

Sase Ivanovski

Даниел Стојчевски носител на листата во ИЕ2: Имаме експертиза за изградба на општество во кое се вреднува и почитува различноста на секој граѓанин

Sase Ivanovski

Ковачевски: Нема откажување од земјоделство по европски стандарди – планираме грантови за мали земјоделци до 20.000 евра

Sase Ivanovski

Секој граѓанин акционер – исправање на неправда

Sase Ivanovski

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Sase Ivanovski

МВР,  ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори

Sase Ivanovski

Битиќи со сметководителите: Со примената на меѓународните стандарди водењето бизнис во Македонија со исти услови како и во целиот свет!

Sase Ivanovski

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ ќе добиеме 850 милиони евра за три години

Sase Ivanovski

Битиќи од Куманово: Европски стандарди во владеењето на правото за да не дозволиме враќање на режимот

Sase Ivanovski

Николоски: Филипче злоупотребувајќи ја секојдневно неговата докторска професија го руши здравствениот систем, затоа масовно на 8 мај да ставиме крај на овие злоупотреби и да имаме систем во кој сите ќе веруваме

Sase Ivanovski

Николовски: Со влезот во ЕУ земјоделеците добиваат 1 милијарда и 100 милиони евра неповратни средства за модернизација на македонското земјоделство

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ветуваа правда, а донесоа артаноиден режим – се гледа кој е вистинската власт, а кој измеќар

Sase Ivanovski

Макрон и градоначалничката на Париз најавија дека ќе пливаат во Сена за да докажат дека водата е добра за Олимписките игри

Sase Ivanovski

Претседателот на Иран: Доколку Израел повторно нападне, прашање е дали ќе остане нешто од нив

Sase Ivanovski

Трамп повторно со провокација до Украина

Sase Ivanovski

Филм за Тоше во српска продукција ќе се прикаже премиерно во Штип!

Sase Ivanovski

Северна Кореја изврши симулирано нуклеарно лансирање

Sase Ivanovski

ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“ : На луѓето им треба поттик да облечат чевли и да излезат да гласаат

Sase Ivanovski

Два хеликоптери на јапонската морнарица се урнаа во Пацификот

Sase Ivanovski

Следниот пакет за Украина ќе биде поголем од нормалниот, вклучува и оклопни возила

Sase Ivanovski

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

Sase Ivanovski

МАЈК ТАЈСОН ПРОДАВА ОБРОК ОД КАНАБИС ВО ФОРМА НА ГРИЗНАТО УВО Црна бобинка, кисело јаболко или лубеница – вие бирате!

Sase Ivanovski

ВИДЕО: ПРЕЖИВЕАЛ ДВЕ ВОЈНИ, ПАДНА ВО ТРЕТАТА Украинците го погодија најстариот воен брод во светот

Sase Ivanovski

ВИДЕО: СО ЕДЕН УДАР ПАДНА КУЛА ОД 240 МЕТРИ Руска ракета ја урна телевизиската кула во Харков

Sase Ivanovski

ВИДЕО: ГИ ПОЛНЕЛЕ СТОМАЦИТЕ СО ШЕМАТА „ЈАДИ И БЕГАЈ“ Ова се мажот и жената кои јаделе во скапи ресторани, а потоа не ја плаќале сметката

Sase Ivanovski

СРБИЈА ВОВЕДУВА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВОЕН РОК Се бара најдобриот модел за воена служба

Sase Ivanovski

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов – ќе бараме зголемување на минималната плата

Sase Ivanovski

Сопственичката на ‘Еурофарм’ ја презеде градежната компанија ‘Пелистер’

Sase Ivanovski

Инаугурацијата на Путин ќе биде на 7 мај

Sase Ivanovski

Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела, велат од ССК

Sase Ivanovski

ЕУ одобри визна либерализација за Србите од Косово

Sase Ivanovski

Независни медиуми: „Кадиров е тешко болен, Кремљ подготвува негов наследник“

Sase Ivanovski

Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција. Минатата година тој го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија

Sase Ivanovski

Сослушани 14 сведоци – таткото на осомничениот за убиството на Данка бара нов адвокат

Sase Ivanovski

Филипче: Николоски не знае што е злоупотреба на професија бидејќи нема професија

Sase Ivanovski

Даштевски: Целосно сме подготвени за утрешните претседателски избори

Sase Ivanovski

Ковачевски: Најавуваме конечно спроведување на ветингот за судии и проверка на потeкло на имот за сите функционери

Sase Ivanovski

ДСЗИ утврди незаконско работење на Токсикологија: давале здравствени услуги без договор за работа и несоодветно образование

Sase Ivanovski

Вучиќ во Њујорк ги повика членките на ОН да не гласаат за резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Скопјани направиле сообраќајка, па се истепале меѓу себе

Sase Ivanovski

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Sase Ivanovski

ДЕВОЈКА СЕ КАЧИЛА НА АЈКУЛА, ПА ЗАЖАЛИЛА Кога се вратила на плажата почнала да крвари од незгодно место

Sase Ivanovski

ТРАГЕДИЈАТА И БОЛКАТА ВО ЕДЕН КАДАР Ова е најдобрата новинарска фотографија во 2024 година

Sase Ivanovski

УКРАИНСКАТА АРМИЈА СЕ ПОФАЛИ СО МАКЕДОНСКИТЕ СУХОИ Леталата се обновени и модернизирани

Sase Ivanovski

Зиаде: Спроведувањето на договорот меѓу Белград и Приштина никогаш не било поитно прашање

Sase Ivanovski

Борел: ЕУ ги прошири санкциите за иранските производители на дронови и проектили

Sase Ivanovski

Ердоган во Багдад: Потпишаните договори се пресвртница во односите меѓу Турција и Ирак

Sase Ivanovski

Ерменија бара повлекување на хашкото обвинение за етничко чистење во Нагорно Карабах

Sase Ivanovski

Шеф на украинско воено разузнавање: Ќе се соочиме со тешка, но не и катастрофална ситуација

Sase Ivanovski

Колозова: Дел од геостратешкиот концепт на ЕУ е економија базирана на технолошка наука и иновации, натаму треба да се насочиме и ние

Sase Ivanovski

Хорор во Бразил: Три питбула ѝ откинале рака и уво на позната писателка

Sase Ivanovski

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Хаџи Јанев: Хакерските напади врз АРМ се голема шлаканица за сајбер безбедноста на земјава

Sase Ivanovski

Запрен новиот закон кој му дозволуваше на Тексас да апси мигранти

Sase Ivanovski

ФОТО | Глобален феномен: Историјата на ирските пабови и зошто ги има во секој град низ светот

Sase Ivanovski

Повеќе од 50 уапсени на протест во Њујорк, бараа прекин на огнот во Газа

Sase Ivanovski

Проблемите на руските дезертери

Sase Ivanovski

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Sase Ivanovski

СПРЕМААТ ВОЈНА СО СЕВЕРНА КОРЕЈА Лавров ги стави САД, Јапонија и Јужна Кореја на тапет

Sase Ivanovski

ИСИС се заканува дека ќе ги „масакрира“ Путин и Русите

Sase Ivanovski

Им фактурирале комунална сметка за сите гаражи на соседите, хаос во Тетово, се наплаќаат комуналии за подруми и штали

Sase Ivanovski

Пакистанец ја задавил сестра си со голи раце, а татко им го гледал тоа – тврделе дека починала од колера

Sase Ivanovski

Анализа на Политико: Лондонград засекогаш? – Зошто Велика Британија можеби никогаш нема да ги заплени руските средства?

Sase Ivanovski
Вчитувам....