Со имејл потпишан од министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, синоќа се отповикани сите македонски амбасадори кои ги одобри поранешниот претседател Стево Пендаровски.
Одлуката на министерот е донесена во исто време додека се чекаше на пратеникот Антонио Милошески, да свика комисиска седница во собранието за нивно претставување. Од амбасадорите се бара да се вратат во Македонија до крајот на март оваа година. Нема образложение за нивното отповикување во стандардната порака, која обично се испраќа при завршување на амбасадорскиот мандат. Неофицијално, причината за отповикувањето биле „неправилностите” при нивното назначување.