Во овој рок би можело да се стигне да се донесе првостепена пресуда, но невозможна мисија е таа да стане правосилна. Во таков случај судењето за екс директорот едноставно ќе запре поради констатирана застареност.Другите обвинети во случајот, пратеникот Мендух Тачи, поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, и уште тројца поранешни членови на ДИК немаат можност да се спасат со застарување. Тие се гонат за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.