Вчера доцна попладне Центарот за управување со кризи доби повик од чешки планинар-скијач дека еден негов колега, исто така од Чешка, е повреден додека планинареле и скијале на Попова Шапка и дека им е потребна помош.
Горската спасителна служба на Попова Шапка брзо ги добила координатите за локацијата на повредениот планинар и со ратрак го извлекле повредениот скијач од повисокиот дел на Шара и го пренеле до центарот Попова Шапка. Тука веќе чекало амбулантно возило со кое повредениот бил пренесен во Клиничката болница во Тетово.