Изучување на странски јазици oнлајн, совладување на нови ИТ вештини или нешто друго може да ви помогне полесно да најдете работа.Младите денес имаат многу можности за учење онлајн и доколку тие опции ги користат, ќе ја збогатат својата биографија, а воедно во иднина ќе си обезбедат и приходи со помош на стекнатото знаење. Подоцна можете да се вработите во некоја компанија или да станете фриленсер. Аудио, видеоматеријали, но и тестови има за совладување на странски јазици. За да видите резултати од вложениот труд, ќе треба да поминете месеци во едукација. За оние што сакаат дополнително знаење, на интернет има платформи со многу содржини на различни теми. Велат Јутјуб е „најголемиот бесплатен факултет“, а има и одлични курсеви по прифатливи цени.„Ја учам сега за software tester, има академии кои нудат курсеви, сите се онлајн, на пример Браинстер или Севус и после од кога ќе научиш се заработува. И овде можат да најдат работа, има ИТ фирми и кај нас, а сепак работа во ИТ е постојана работа, не си фриленсер. Курсевите траат околу 6-8 месеци. Се плаќаат, скапи се, ама вреди да се инвестира во себе“, вели девојка од Битола.
KAKO E ВО ЕВРОПА? Во Европа сè повеќе млади луѓе учат вештини онлајн. Како што објави Евростат, меѓу земјите – членки на ЕУ, се издвојуваат нордиските земји Финска и Шведска. Во 2019 година, 21 отсто од луѓето на возраст од 16 до 74 години во Финска следеле курс преку Интернет во последните 3 месеци, во Шведска истото го сториле 18 отсто. Во Шпанија (15 отсто), во Естонија (14 отсто), во Ирска и Холандија (13 отсто) од луѓето следеле онлајн курсеви. Истото не е многу честа појава во Бугарија (2 отсто), Романија (3 отсто) и Латвија (4 отсто). Помеѓу истражувањето за 2017 година и истражувањето за 2019 година, учеството на луѓето што следат курсеви преку Интернет се зголемило во огромно мнозинство на земјите – членки на ЕУ. Најостриот пораст е забележан во Ирска, од 4 отсто во 2017 година на 13 отсто во 2019 година (+9 процентни поени (ПП)). Учеството на луѓето што учат од курсеви преку Интернет скокна во Малта и Финска.
Сања Атанасовска
foto freepik.com