Според неа, за веќе заболените лица мораме да обезбедиме најсовремена терапија.
-Сите знаеме дека последните месеци имаше проблем во снабдувањето со терапија. Тоа навистина не смее да се случува односно тие пациенти мораат да ја добијат најсовремената терапија. Сега имаме иновативни лекови коишто можат многу да направат, рече сопругата на претседателот.На настанот претставниците од здравствените установи и граѓанскиот сектор и пациентите, дискутираа за пристапот до третман на заболените од рак, пристапот до услугите за негово рано детектирање и други прашања поврзани со состојбите на оваа болест кај нас кои имаат есенцијална важност.