Жалам што морав вака да ја започнам прес-конференцијата на Светското првенство, но морам да дадам изјава бидејќи моето име е фрлено во апсурдна приказна, рече српскиот фудбалер Душан Влаховиќ. Српскиот репрезентативен напаѓач Душан Влаховиќ ги демантираше информациите дека имал афера со Ана Рајковиќ, сопругата на резервниот голман на репрезентацијата Предраг Рајковиќ. Српските медиуми пишуваа дека токму поради романсата напаѓачот не влегол во стартниот состав на репрезентацијата на Светското првенство во Катар 2022 година.