10.8 C
Скопје
23/04/2024 11:59
МАКТЕЛ

  

     

 

Никовски: Пругата кон Бугарија е големо промашување

      

Неодамна, во разговор со луѓе од власта, по констатацијата дека пругата кон Бугарија е непотребен и долгогодишен трошок, реакцијата беше дека е тоа интерес на НАТО!? Ако е навистина така, тогаш оваа гарнитура на власт навистина не знае што прави. Дали свесно ја уништуваат Македонија за интересите на САД (НАТО)? Ако Алијансата има потреба од пругата, нека ја гради. Ако е ова точно, тогаш не ни гине и изградба и на пругата кон Албанија, што ќе значи нов исчекор кон банкрот на државата, со нови обврски без никаков ќар. Умните не постапуваат така. Пругата кон Бугарија има долга историја, полна со неуспеси. Најактуелна беше на почетокот на 1990-тите години, по распадот на СФРЈ, кога долги години имавме блокирана северна граница, поради санкциите на СБ на ООН врз Србија (СР Југославија), и нелегалната грчка блокада на јужната граница, која траеше околу 20 месеци (февруари 1994 – септември 1995). Пред блокадите, нашите стоки од увоз и извоз одеа главно со железница, преку Србија и пристаништето во Солун. Со оглед дека нашите железнички врски се само на правецот север – југ, блокадите на овие граници значеа прекинување на нашата главна трговска комуникациска врска со светот. Македонија се најде во безизлезна ситуација. Според Википедија, само од грчката блокада, штетите за Македонија достигнале две милијарди долари. Нема пресметка за последиците од северната блокада. Вкупните штети се сигурно повеќе од четири милијарди тогашни долари.

   

Висината на проценетите штети покажува што значеа овие блокади за земјата. Тие штети би биле проблем и за најбогатите држави. Додатни објаснувања не се потребни. Сериозни последици се чувствуваа најмалку 20 години, а долгорочните негативни рефлексии продолжуваат и до денес. На времето, се залагав дека Македонија мора да бара отштета или компензација и од ООН, бидејќи бевме директна жртва на нивната политика на санкции врз Србија, како и од Грција.

 

Атина, на пример, флагрантно го кршеше членот 5 од договорот ГАТТ со кој се регулираше светската трговија, според кој ниту една земја немаше право да го забрани транзитот на друга земја, која нема излез на море. Никој не реагираше, иако имаше недискутабилна основа. По обичај, во Македонија никој не се грижи за интересите на земјата. Впрочем, мислам дека овие компензации или отштети, не застаруваат и сѐ уште има можности нашата земја да ги актуализира и да си ги бара. Полска дури сега се сети да бара репарации од Германија, за Втората светска војна. Можеме да бидеме сосема сигурни дека голем број од нашите најголеми и најважни стопански капацитети, во добар дел, пропаднаа поради овие блокади на нашите граници. Резултатот беше трагичен – преку 200 000 работници останаа без работа.

   

     

Како потврда на тоа имам и лично искуство. Во тој период работев во Лондон и еден ден ми се јави главниот директор на една голема хемиска индустрија. Беше бесен и скоро викаше – што се замислуваат вашите од фабриката ОХИС, со која соработуваме повеќе од 20 години? Не ни ја испорачуваат стоката која редовно ја користиме и се правдаат дека била блокирана границата!? Што мислите вие, нервозно реагираше човекот, ние сме од друга планета па ќе нѐ лажете? Ми требаше време да го смирам и да му објаснам дека е така, за жал, и дека Атина, со блокадата на границата, се однесува како да е во 19 век. Му објаснив и дека добро го знам ОХИС, бидејќи пет години сум работел таму. Како излез, во тој период на блокирани граници, се наметна потребата од изградба на пруга кон Бугарија, којашто стана и главен приоритет. Чинам дека веќе имаше некакви проекти и релативно бргу се започна со изградбата. Сега читаме дека тогаш беа непотребно потрошени преку 100 милиони долари. Меѓутоа, веднаш беше јасно и дека, освен нагласениот стратегиски интерес – потребата да имаме диверзифицирани железнички врски, пругата нема никакво економско оправдување. Бугарските пристаништа на Црно Море се далеку и не можат да бидат конкуренција на Солун, та и на Драч. Кон Бугарија нема доволно ниту стоки, а уште помалку патници, кои би ја оправдале нејзината изградба.

Тоа го кажуваа и нашите експерти, ама го потврди и Германија. Берлин официјално ни понуди 30 милиони марки помош за изградба на пругата кон Бугарија, ама и со услов – Владата да донесе закон, со кој ќе се обврзе дека ќе врши рефакција (враќање) на дел од транспортните трошоци за превезената стока, со цел да се стимулира и оправда користење на оваа пруга. И на нашите експерти, и на германските, им беше јасно дека пругата нема да биде рентабилна, ќе носи загуби секоја година и дека Владата, на тој начин, ќе мора да ги покрива. За никого не беше спорно дека, ако владата секоја година не фрла додатни големи пари во бурето без дно, наречено пруга кон Бугарија, истата нема да може да функционира. Според првичните пресметки во 1990-тите, чинам, пругата требаше да чини нешто преку 200 милиони долари. Денес, сумата нарасна на преку 600 милиони евра!? Во Македонија, до сега, не е изграден објект, којшто би чинел приближно на таа огромна сума. Тоа е мега проект и за најразвиените. Најблиску беше несреќниот ФЕНИ, со преку 500 милиони долари, којшто се претвори во најголемиот стопански неуспех на државата, во голема мерка и поради безумни лични политички пресметки. Можеби не требаше да го градиме ФЕНИ ама, откако го изградивме, по никоја цена не смееше да се затвора. Времето покажа дека тоа беше непростлива грешка.

И сега, кога сме презадолжени и прашањето е само кога, а не дали ќе банкротираме, оваа наша влада, без грам памет, влегува во таква авантура со која ќе ја докусури државата. Ќе потрошиме огромни 600 милиони евра, и секоја година ќе фрламе нови милиони, во нашето најново фијаско. Покрај тие додатни средства, за да може железницата да функционира, ќе треба да се отплаќа и огромниот кредит. Со овој нерентабилен мега проект, не си ставаме трн во здрава нога туку голем клинец. Будалите немаат рогови. Пругата секако ќе има некакво стратегиско значење ама оваа инвестиција, сѐ заедно и без никакво сомневање, е најголемата глупост која досега ја направила македонската држава. Истото, апсолутно важи и за пругата кон Албанија. И за времето на Југославија, кога беше актуелно железничкото поврзување со Албанија, имаше две опции – или преку Македонија, или преку Црна Гора. Политичарите веројатно и војуваа која од двете републики да ја гради. Победи Подгорица. Лично ми е познато дека Црногорците се каеја после тоа, бидејќи и таа железничка врска беше економски неисплатлива и Црна Гора имаше сериозни проблеми и големи трошоци. Долго време таа и не функционираше.

Неодамна, во разговор со луѓе од власта, по констатацијата дека пругата кон Бугарија е непотребен и долгогодишен трошок, реакцијата беше дека е тоа интерес на НАТО!? Ако е навистина така, тогаш оваа гарнитура на власт навистина не знае што прави. Дали свесно ја уништуваат Македонија за интересите на САД (НАТО)? Ако Алијансата има потреба од пругата, нека ја гради. Ако е ова точно, тогаш не ни гине и изградба и на пругата кон Албанија, што ќе значи нов исчекор кон банкрот на државата, со нови обврски без никаков ќар. Умните не постапуваат така. Секако дека експертите треба да ја дадат последната проценка. Меѓутоа, сосема е логично да се констатира дека Коридорот 8, барем преку Македонија, засега треба да се сведе на изградба на модерен автопат и до бугарската и до албанската граница. Во прашање се мали дистанци а железницата е исплатлива само на долги. Црноморските нема никогаш да бидат главни извозно – увозни пристаништа за Македонија. Предалеку се. Албанските, пак, се преблиску за стоките да се товарат комбинирано на камиони до воз па на брод, и обратно. Од Скопје, до пристаништето во Драч, има неполни 300 километри коишто не дозволуваат повеќе претовари. До Софија, пак, има помалку од 250 километри и стоките кои ги разменуваме е многу полесно и побрзо да се превезуваат камионски до сите тамошни дестинации. За патниците, пак, не се исплатува да патуваат со воз кога со модерен автопат би стигнувале за максимум два и пол часа. Заради близината, не успеа и авионската линија која, од политички причини, беше по втор пат отворена.

При сите овие размисли, да не забораваме и дека, во целина, македонските железници се нерентабилни. Секоја година генерираат загуби. А ние, се насочуваме кон продлабочување на зијанот, место да бараме трајно решение преку некаква регионална интеграција! Просто неверојатно. Крајно време е надлежните да удрат со главите во ѕидот, и добро да размислат што прават. Тие носат економска одговорност, не политичка. Македонија не е доволно богата за да може да се расфрла со економски неоправдани проекти од овој тип. Барем засега, железничко поврзување со Бугарија и Албанија не ни е потребно бидејќи ем е економски неоправдано, ем е преголем залак. Во некоја подобра иднина, ако има потреба, тогаш нека се гради.

    

Најново

Обилни врнежи од дожд проследени со грмежи

Sase Ivanovski

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри дека сите албански партии потпишале договор според кој нема да има Влада со партија која е против Уставни промени

Sase Ivanovski

Пендаровски: На 24 април да им покажеме дека сме подобри

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: Јас ќе бидам вашиот глас, претседател кој го зборува тоа што народот го мисли

Sase Ivanovski

ЈАКИМОВСКИ: Драги мои сограѓани, две работи ве молам, немојте да останете дома, излезете на гласање и немојте да гласате против, туку гласајте за

Sase Ivanovski

Димитриевски вечерва во Струмица вети: Ќе ја одбраниме Македонија со зборови, а ако треба и со дела

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ахмети направи грешка, на крајот од кариерата наместо како идеолог ќе заврши како ситен криминалец, ќе му преседнат и млекото и кексито

Sase Ivanovski

Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани и поквалитетни услуги

Sase Ivanovski

Мицкоски: Да ја вратиме Македонија на граѓаните затоа што сега е ограбена, понижена, затоа излезете масовно и заокружете за Македонија повторно горда и Македонија повторно твоја

Sase Ivanovski

Мицкоски: Внесот на Бугарите во Уставот е диктат кој го прифати оваа Влада, не ја гледам потребата за внесување на Бугарите кои ги уживаат сите права

Sase Ivanovski

Пендаровски: Потребен е ветинг и на политичарите, не само на судиите и обвинителите 

Sase Ivanovski

Николовски: Вкусот на Македонија го носиме во Европа – давам збор за рекорни 1,35 милијарди евра поддршка до земјоделците и зголемен извоз на домашна храна во следните четири години

Sase Ivanovski

Силјановска: ЕУ треба да има разбирање за нашата различност, а не да нѐ турка во сличност со Бугарија

Sase Ivanovski

Ковачевски: Само СДСМ ја има моќта да ги обедини граѓаните зад идејата за европска Македонија

Sase Ivanovski

Ковачевски: Овие избори се клучни, не се бисквити и гурабии

Sase Ivanovski

Ковачевски: Членството во ЕУ е единствениот докажан рецепт за прогрес и подобар животен стандард

Sase Ivanovski

Силјановска-Давкова од Штип: Од вас зависи што ќе се случи на 24 април, очекувам политички земјотрес, а на 8 мај вулкан

Sase Ivanovski

Извештај на Стејт департментот за човекови права во Северна Македонија: Сериозна владина корупција и насилство врз новинари

Sase Ivanovski

Ахмети до Мицкоски: Не требаше да ја започне оваа битка, тој не знае како се води држава, да не ги повторуваме грешките од минатото

Sase Ivanovski

Дали е можен бојкот во вториот круг од претседателските избори – одговара Силјановска-Давкова

Sase Ivanovski

Пендаровски: Поништувањето на договорите и репреговарање ќе значи загуба на нови 20 или 30 години

Sase Ivanovski

Не е точно дека има нови барања од Турција за екстрадиција кои го одлагаат испорачувањето на Љупчо Палевски – вели Пендаровски

Sase Ivanovski

Пендаровски: Нов политички реализам е дека ние сме блокирани за ЕУ додека не ги донесеме уставните измени 

Sase Ivanovski

Ковачевски од Велес: ДПМНЕ не ја сакаат ЕУ затоа што им одговара да нема ред и правила

Sase Ivanovski

Лукаревска од Велес: Tука сме, со вас сме, ние не бегаме ниту од одговорноста, ниту од народот, ниту од државата, СДСМ бил, е и ќе биде со граѓаните секогаш

Sase Ivanovski

Ковачевски: Првиот круг избори е еднакво важен, заокружете го бројот 1 и гласајте за европска иднина

Sase Ivanovski

Ковачки до СДС: Вредеше ли предавството? Се откажавте од име, Устав, историја! Овие избори се за да ја вратиме Македонија на народот, имаме план за развој и враќање на надежта кај луѓето

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛЕГЕНДАРНИОТ СТИПЕ МЕСИЌ ГО ПРАТИ ПЛЕНКОВИЌ КАЈ МАЈКА МУ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Нападите од Ахмети се израз на паника затоа знае дека ќе загуби и оти ќе си ги загуби и чираците од СДСМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костадиновска-Стојчевска: Стево е промотор на македонскиот културен идентитет во современиот свет, затоа гласаме за број 1

Sase Ivanovski

Николовски: Го започнавме и во новиот маднат целосно завршиме најголемиот водоснабдителен проект за изградба на четири системи за наводнување вреден 120 милиони евра за нови 13.500 хектари

Sase Ivanovski

Говорот на Нора Таравари на централниот завршен митинг во Скопје

Sase Ivanovski

Лукаревска од Свети Николе: Кога ќе гласате задутре и на 8 мај и кога ќе го заокружите бројот 1 вие гласате за иднината, за Стево Пендаровски и за СДСМ, важен е континуитетот за европска Македонија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Важно е разликата помеѓу Гордана и Стево да биде огромна, за да се спречат сите завери против Македонија кои ги коваат Али и Ковачевски

Sase Ivanovski

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на Плоштад Македонија ја отвори средношколската манифестација „СРЕДНОЛЕНД 2024“, на која скопските средношколци ги претставуваат своите таленти преку музика, танц, ликовна и драмска уметност, фотографија и филм

Sase Ivanovski

Битиќи: Поддршка од 1,35 милијарди евра и пристап до европските пазари за нашите земјоделци!

Sase Ivanovski

Кадиевска Војновиќ: Буџетот е во хаос, долгот и неплатените обврски на државата галопираат, а од СДС и ДУИ молк!

Sase Ivanovski

На ФЕИТ почнаа Робомак и Робомак јуниор

Sase Ivanovski

Николовски: Над 210 милиони евра на располагање за инвестиции преку ИПАРД 3 во следните четири години

Sase Ivanovski

Генералот Павле Арсоски, носител на листа на ИЕ3 од Движењето ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА, денес пред жителите на Берово ја презентираше програмата „Проглас за достоинствена Македонија“

Sase Ivanovski

Маричиќ: Гласот за Пендаровски е глас за големиот бран за победа на европска Македонија

Sase Ivanovski

Мицкоски: На 24 април граѓаните масовно да се обединат околу столбот на македонскиот идентитет и иднината на Македонија ВМРО-ДПМНЕ заокружувајќи го бројот 2 за Силјановска Давкова

Sase Ivanovski

Ковачевски од Свети Николе: За нашите земјоделци, рекордни 1,35 милијарди евра финансиска поддршка

Sase Ivanovski

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Sase Ivanovski

Таравари: За нас пријателството со САД е свето, неуморно ќе работиме со нив за интегрирана Македонија во ЕУ и далеку од руското влијание

Sase Ivanovski

Ковачевски: До 180.000 ден. плата за медициските лица за здравство по европски стандард

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Болничарот од Токсикологија пред камера призна дека барал урина со наркотици да се замени со чиста, ама „услугата“ не му била завршена

Sase Ivanovski

Ковачки: Градоначалниците на Крива Паланка и Пробиштип вршат злоупотреба на институциите и прават притисоци врз граѓаните, Лукаревска ги злоупотребува институциите во Свети Николе и Берово

Sase Ivanovski

ДРАМА НА СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ООН Османи донесе силувани жени да сведочат за српските злосторства

Sase Ivanovski

ВРЕМЕ Е НЕКОЈ ДА МУ КАЖЕ НА ВУЧИЌ ДА ПРЕСТАНЕ ДА ЈА МЕША МАКЕДОНИЈА ВО КАВГАТА МЕЃУ СРБИЈА И КОСОВО: ВУЧИЌ СЕ ИЗВИНИ ЗАТОА ШТО НАВОДНО КУРТИ ВОДЕЛ ТАЈНА КАМПАЊА ВО МАКЕДОНИЈА! Вучиќ се извини што нивниот државјанин вака се однесува на меѓународна сцена

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: ВМРО ДПМНЕ И СДСМ ДА ПОБАРААТ ОД АЛИ АХМЕТИ ДА СЕ ИЗВИНИ ЗА ЗЛОСТОРСТВАТА ОД 2001-ВА

Sase Ivanovski

ЗАКАНИ И БЛОКАДИ НЀ ВРАЌААТ НАЗАД ВО МИНАТОТО Ковачевски рече дека никој не смее да си поигрува со иднината на државата

Sase Ivanovski

Полициска акција во БиХ: Уапсени се полицајци и бизнисмени

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ахмети по овие избори треба да оди во опозиција

Sase Ivanovski

Кекси, кули од камен и јадење гурабии

Sase Ivanovski

МВР: Лични документи можат да се подигнат и во среда

Sase Ivanovski

Ученик претепал наставничка, а нападнал и соученици во скопско Влае

Sase Ivanovski

ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ УНИШТУВА КРАЈБРЕЖЈЕТО НА СТРУГА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО 3 ГОДИНИ НЕ ПОСТАПУВА ПО КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА УЗУРПАЦИЈА НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЦЕЛ ЖИВОТ СЕ ГРИЖАМ ЗА БОЛНИОТ БРАТ, НЕ МОЖЕ СЀ ДА ТИ Е ПОГОДЕНО – ПОДКАСТ СО ОПЕРСКАТА ПРИМАДОНА ВЕСНА ЃИНОВСКА – ИЛКОВА

Sase Ivanovski

ДИРЕКТОРКАТА ИЉАЗИ УПОРНО САКА ДА ВРАБОТИ 18 ЛИЦА СО ИСТЕЧЕНИ ДОГОВОРИ ЗА ДЕЛО, НЕ МОЖЕМЕ ДА СЕ РАЗБЕРЕМЕ СО НЕА ОТИ НЕ ЗНАЕ МАКEДОНСКИ, РЕКОА ЛЕКАРИТЕ ОД ТОКСИКОЛОГИЈА

Sase Ivanovski

По одлежани 9 години, осудениот за ,,Монструм”, Хаки Азири, ќе излезе на слобода за три месеци

Sase Ivanovski

Д-р Злате Мехмедовиќ: За нас во Движењето ЗНАМ здравјето не е трошок-туку инвестиција

Sase Ivanovski

Герасимовски: Граѓаните да не си ги трошат парите на диви инвестиции кои во иднина ќе бидат отстранети на нивна сметка

Sase Ivanovski

Вучиќ: Откажувањето на динарите на Косово е кулминација на етнички мотивираната кампања против Србите

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Бујар Османи пропадна како министер на МНР и ќе си замине засрамен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нереални ветувања, лапсуси и навреди ги одбележаа говорите и настапите на претседателските кандидати во предизборната кампања.

Sase Ivanovski

За одржлив развој, АЛКАЛОИД АД има воспоставено политика за воден отпечаток, со што се потенцира важноста на водниот ресурс според која дејствува секоја организациска единица

Sase Ivanovski

НИКОЛОВСКИ: ✊Ајде заедно во нова изборна победа! На 24 април и на 8 мај гласаме за #Број1!

Sase Ivanovski

АЛКАЛОИД: Среќен Светски ден на планетата Земја!

Sase Ivanovski

ПРЕМАМА ДУО ОД АЛКАЛОИД: Грижата за идните мајки е грижа и за идните генерации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОРУТ ПАХОР: ПОДДРШКА ЗА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ

Sase Ivanovski

Пленковиќ потврди дека ќе биде носител на листата на ХДЗ на изборите за Европскиот парламент

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ ДО ВМРО ДПМНЕ И ДУИ: Оставете ги тие работи што било 2001 година. Немаше победник. Сите бевме губитници, а Македонија најголемЗатоа уште еднаш апелирам да ја оставиме таа тема на страна. Овде сме сите во заедничка куќа, да живееме како една сложна фамилија и заеднички да си решиме проблемите

Sase Ivanovski

Пендаровски упати апел до ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да се воздржат во кампањата со реторика на национална основа

Sase Ivanovski

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

Sase Ivanovski

Приватните специјализанти привремено го ставаат штрајкот во мирување, но не се откажуваат од барањата

Sase Ivanovski

ДКСК потврди уште во 2021: Не постои никаков случај за кој Николоски го обвинува Филипче

Sase Ivanovski

Демири ќе го разреши само медицинскиот директор на Токсикологија, економскиот директор работел добро

Sase Ivanovski

Богојески: Хејтери во политиката ми го злоупотребуваат прекарот Бунтур наследен од прадедо ми од Илинденското востание

Sase Ivanovski
Вчитувам....