– Тоа што велите дека нема никакви мерки, не значи дека Обвинителството и надлежните служби не постапуваат. Поради фазата во која се наоѓа постапката, сите дејствија од надлежните органи не можат да се соопштат бидејќи можат одредени дејствија да се осуетат. Одговорно ви тврдам дека јавен обвинител, припадниците на МВР и припадниците на Управата за извршување на санкции интензивно работат на расчистување на околностите, изјави денеска републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески како одговор на прашањето до каде е истрагата со копањето тунел за бегство од под затворот „Идризово“ и дали полицајци се вмешани во помагање на затворениците. Извор: Независен